Неочекувано Ботас беше возачот кој можеше да го победи Британецот, но по забележаните најбрзи времиња во првиот и вториот сектор, неговиот последен сектор започна со мали грешки, за да на последниот свиок целосно да ја загуби контролата на задниот дел на болиодот. Како резултат на тоа, тој мораше да се задоволи со третата стартна позиција, со 0.4 делови од секундата побавно време од најдоброто денес. Ако не друго барем сигурно ќе беше на првиот стартен ред. Џенсон Батон го круниса добриот настап на патеката во Сочи, забележувајќи го најдобриот пласман оваа сезона, четвртата стартна позиција.
Сепак, на денешните квалификации блескаше Дањил Квај, со болидот на Торо Росо, на кого домашниот терен му беше стимул за импресивната за него 5-та позиција, што значи дека тој ќе ја стартува трката пред двата болиди на Ред Бул. Неговиот тимски колега за следната година, Даниел Рикиардо, ќе веднаш зад него откако ќе се помести една позиција нанапред, по казната за Кевин Магнусен кој го имаше 6-тото најбрзо време.
Фернандо Алонсо повторно беше навјвисоко пласираниот Ферари, но само една позиција пред тимскиот колега Кими Раиконен. Очекуваме уште еден тежок викенд за Италијанскиот тим, во кој се гледа заладувањето на односите по најавеното заминување на Шпанецот. Жан-Ерик Верн го заокружи Топ 10 пласманот со вториот болид на Торо Росо.
Себастијан Ветел повторно не успева да влезе во најбрзите десет возачи по Големата Награда на Австрија. Истата констатација што важи за Италијанците, се однесува и на односите Ветел - Ред Бул. Неговата одлука за заминување од тимот остави многу разочарани лица во овој тим. Фелипе Маса не беше во можност да ја помине Q1 сесијата, приредувајќи го најголемото разочарување на денот, поради претпоставените проблеми со притисокот на горивото. Од него подобро време забележа дури и Маркус Ериксон со болидот на Катерам. Од респект кон Жил Бјанки, тимот на Марусија настапува само со еден болид, тој на Макс Чилтон.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА РУСИЈА
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:38.515
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.715 + 0.200
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:38.920 + 0.407
4. Џенсон Батон Мекларен 1:39.121 + 0.608
5. Дањил Квјат Торо Росо 1:39.277 + 0.764
6. Кевин Магнусен Мекларен 1:39.629 + 1.116*
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:39.635 + 1.122
8. Фернандо Алонсо Ферари 1:39.709 + 1.196
9. Кими Раиконен Ферари 1:39.771 + 1.258
10. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:40.020 + 1.507
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:38.338
11. Себастијан Ветел Ред Бул 1:40.052 + 1.714
12. Серџо Перез Форс Индија 1:40.058 + 1.720
13. Естебан Гутиерес Заубер 1:40.163 + 1.825
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:40.536 + 2.198*
15. Адријан Сутил Заубер 1:40.984 + 2.646
16. Роман Грожан Лотус 1:41.397 + 3.059
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:38.759
17. Маркус Ериксон Катерам 1:42.648 + 3.889
18. Фелипе Маса Вилијамс 1:43.064 + 4.305
19. Камуи Кобајаши Катерам 1:43.166 + 4.407
20. Пастор Малдонадо Лотус 1:43.205 + 4.446**
21. Макс Чилтон Марусија 1:43.649 + 4.890*
* пет стартни места поназад за промена на менувач
** пет стартни места поназад пренесени од минатата трка
107% време: 1:45.672