Како што најави и предпладневната тренинг сесија возачите на Мерцедес АМГ повторно се единствените кандидати за Пол позицијата и Победа на неделната трка. На првиот тренинг најбрзо време го имаше Луис Хамилтон, со предност од 3 дестинки, за да на вториот Нико се подобри и заостане само невидливи 3 илјадитинки од секундата. При крајот на сесијата мали проблеми за Британецот, кога се појави одредено истекување од задниот дел на болидот.
Позади доминантните Сребрени стрели, со повеќе од секунда заостанување повторно Фернандо Алонсо од тимот на Ферари. Веднаш зад него се најде Даниел Рикиардо од Ред Бул, за разлика од неговиот тимски колега, Себастијан Ветел, кој го заврши тренингот на последното место на табелата. Но, се тоа е поради фактот што тој планира да ги пропушти утрешните квалификации и на трката да стартува од својата гаража.
Како што знаете за време на паузата два тима поведоа стечајна постапка, па затоа Катерам и Марусија ги нема на патеката во Остин. Пирели ги донесе медиум и меките гуми, а времето беше сончево и топло. Интересен факт е што ФИА го тестираше виртуелно безбедносно возило на крајот од двата тренинзи. Тоа има функција да не им дозволи на болидите да возат побрзо од одредена брзина.
Утрешните квалификации ќе стартуваат во 19:00 часот по македонско време.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:39.085 | 18 | |
2. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:39.088 | + 0.003 | 28 |
3. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:40.189 | + 1.104 | 24 |
4. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:40.390 | + 1.305 | 24 |
5. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:40.457 | + 1.372 | 30 |
6. Кими Раиконен | Ферари | 1:40.543 | + 1.458 | 27 |
7. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:40.631 | + 1.546 | 28 |
8. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:40.641 | + 1.556 | 32 |
9. Џенсон Батон | Мекларен | 1:40.698 | + 1.613 | 30 |
10. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:40.800 | + 1.715 | 25 |
11. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:40.828 | + 1.743 | 31 |
12. Роман Грожан | Лотус | 1:41.054 | + 1.969 | 25 |
13. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:41.110 | + 2.025 | 30 |
14. Серџо Перез | Форс Индија | 1:41.123 | + 2.038 | 30 |
15. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:41.158 | + 2.073 | 31 |
16. Адријан Сутил | Заубер | 1:41.332 | + 2.247 | 28 |
17. Естебан Гутиерез | Заубер | 1:41.420 | + 2.335 | 28 |
18. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:43.980 | + 4.895 | 13 |