Можеби за тоа допринесе топлото време во текот на денот, кога квалификационите сесии се одвиваа на температури околу 22 степен целзиусов и температура на патеката од 36 степени целзиусови, па така двете смеши на Пирели беа во можност брзо да стигнат до нивните идеални работни температури. Во квалификациите, разликата помеѓу нив беше само една секунда.
Со само 18 болиди на патеката квалификациите имаа малку поинаков формат, со четири болиди елиминирани во Q1 и уште четири во Q2, наместо досегашните шест. Себастијан Ветел одлучи да се појави само во Q1 сесијата, бидејќи неговата казна за промена на ПЕ, секако ќе значеше старт од боксовите. Актуелниот светски шампион се реши да ги заштеди своите гуми, што значи дека тој ќе ги има сите комплети на располагање за утрешната трка.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САД
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:36.067
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:36.443 + 0.376
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:36.906 + 0.839
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:37.205 + 1.138
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:37.244 + 1.177
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.610 + 1.543
7. Џенсон Батон Мекларен 1:37.655 + 1.588
8. Кевин Магнусен Мекларен 1:37.706 + 1.639
9. Кими Раиконен Ферари 1:37.804 + 1.737
10. Адријан Сутил Заубер 1:38.810 + 2.743
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:36.290
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:38.467 + 2.177
12. Серџо Перез Форс Индија 1:38.554 + 2.264
13. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:38.598 + 2.308
14. Дањил Квјат Торо Росо 1:38.699 + 2.409
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:37.196
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.250 + 2.054
16. Естебан Гутиерес Заубер 1:39.555 + 2.359
17. Себастијан Ветел Ред Бул 1:39.621 + 2.425
18. Роман Грожан Лотус 1:39.679 + 2.483
107% време: 1:43.999