Фернандо Алонсо имаше трето најбрзо време, извлекувајќи го максимумот од Ф14 Т, за разлика од својот тимски колега, кој не можеше да постигне Топ 10 пласман. Нико Розберг имаше проблем со сопирањето на болидот при својот брз круг и излета надвор од патеката, но го сочува болидот под контрола, и успеа да помине без поголема штета за своите шанси за висок пласман овој викенд.
Возачите најголемите грешки, ќе ги прават на свиоците со број 2 и 13 каде имаме големо и нагло намалување на брзината, кога се треба да работи совршено за да се земат овие свиоци како треба без изгубено непотребно време.
Временските услови во Сочи за разлика од Јапонија беа во ред, па така возачите ги поминаа планираните тест програми на двете компоненти на Пирели гумите. Разликата од околу 1,5 секунди помеѓу меките и медиум гумите, се очекува значително да се намалува како што поминува викендот, како и вкупното време потребно за комплетирање на еден круг. Според Пирели, тоа се должи на високиот степен на еволуција, својствен за новите патеки.
Немаше некои поголеми возбудувања на денешните тренинг сесии, а тимовите собираа колку што може повеќе податоци од телеметријата на болидите, кои би се анализирале добро за да се искористат за фино подесување на вистинскиот сет-ап за време на утрешниот тренинг кој започнува од 10:00 часот по наше време. Вистинската борба и откривање на сите карти следува во 13:00 часот, за кога е закажан стартот на Квалификациите за старните позиции на Руското Гран При.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:39.630 | 27 | |
2. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:40.494 | + 0.864 | 32 |
3. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:40.504 | + 0.874 | 32 |
4. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:40.542 | + 0.912 | 30 |
5. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:40.573 | + 0.943 | 33 |
6. Џенсон Батон | Мекларен | 1:40.718 | + 1.088 | 32 |
7. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:40.731 | + 1.101 | 30 |
8. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:41.108 | + 1.478 | 32 |
9. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:41.369 | + 1.766 | 30 |
10. Жан-Ерик Верн | Торо Росо | 1:41.531 | + 1.901 | 33 |
11. Кими Раиконен | Ферари | 1:41.630 | + 2.000 | 24 |
12. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:41.677 | + 2.047 | 27 |
13. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:42.061 | + 2.431 | 25 |
14. Серџо Перез | Форс Индија | 1:42.090 | + 2.460 | 29 |
15. Адријан Сутил | Заубер | 1:42.233 | + 2.603 | 31 |
16. Роман Грожан | Лотус | 1:42.892 | + 3.262 | 30 |
17. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:42.905 | + 3.275 | 33 |
18. Естебан Гутиерез | Заубер | 1:43.055 | + 3.425 | 33 |
19. Маркус Ериксон | Катерам | 1:44.135 | + 4.505 | 22 |
20. Макс Чилтон | Марусија | 1:44.530 | + 4.900 | 29 |
21. Камуи Кобајаши | Катерам | 1:44.952 | + 5.322 | 27 |