Потоа, следуваше излегување на повеќе од 200 автомобили на Ферари од различни епохи, кои парадирајќи го демонстрираа она за што Ферари се залага: дизајн, технологија и иновации. Тоа беше вовед за големото финале наречено - Шоуто на Ферари. Главна атракција беа моделите од XX програмата, FXX и 599 ХХ, на кои за прв пат им се придружи моделот FXX К, кој во рацете на тест возачот, Рафаеле Де Симоне, ги покаќа своите можности во пракса.
На самиот крај следуваа Кими Раиконен и Марк Жене, зад воланот на F60, со симулација на старт на Ф1 трка, блиска борба на патеката, демонстрација на брза промена на гуми, со кои подоцна беа произведени облаци на чад, на големо задоволство на присутните фанови на трибините.
































