Стартот на трката со најмалку болиди во поновата историја на Формула 1, без болидите на Марусија и Катерам и Себастијан Ветел со старт од боксот поради казната за промена на ПЕ. Нико Розберг имаше добар старт и успеа да се оддели од својот тимски колега на безбедно растојание за мирен влез во првиот свиок. Ботас падна зад Маса, додека Рикиардо изгуби две позиции. Гледавме блиска борба како и секогаш, но без никакви последици во првиот свиок.
За разлика од оваа борба, во 15-от свиок на сцена стапи Серџо Перез, кој имаше неумешен обид за претекнување на Адриан Сутил, но при тоа удри задниот дел на Кими Раиконен, кој веќе излегуваше од свиокот, изгуби контрола и заврши во болидот на Заубер, што значеше предвремен крај на трката за двајцата возачи. Со тоа беа уништени шансите за потенцијално добар пласман на Заубер и освојување на некој бод. Следуваше период на безбедносно возило.
Кога безбедносното возило ја напушти патеката, најинтересна беше борбата за првото место, кога Луис Хамилтон почна да врши притисок врз својот тимски колега. При првиот стинт, тој беше поумерен, за да се засили по првата промена на гумите. Беше повеќе од јасно дека Луис Хамилтон наскоро ќе успее да премине во водство, за да му успее во 24-от круг со помош на ДРС системот. Малку преризичен потег за раководството на Мерецедес АМГ, но добро темпиран за превземање на водството од Розберг. Потоа само ја одржуваше својата предност на 2.5 секунди, а Германецот беше немоќен за контра-напад.
Поголемата акција и претекнувањата се водат од третото место надолу. На почетокот, Џенсон Батон беше во блиска, но фер борба со Фернандо Алонсо, додека Рикиардо се пробиваше напред по слабиот старт. Подоцна при крајот на трката Батон имаше забележителен пад на темпото што предизвика формирање на воз од болиди за него, кога видовме неколку претекнувања, а најхраброто беше на Жан-Ерик Верн, поминувајќи го Роман Грожан за 9-тото место, но при тоа имаше контакт па Французинот остана без дел од своето предно крило. На крајот Верн заработи казна за овој потег. Луис Хамилтон на крајот заврши 4,6 секунди пред Розберг, за својата 10-та Победа оваа сезона и 5-та последователна. Тоа, исто така, беше неговата 32-ра Победа во кариерата, што значи дека сега е најуспешен британски возач во Формула 1 Шампионатите.
Даниел Рикиардо успеа да го задржи третото место, пред дуото на Вилијамс, Фелипе Маса и Валтери Ботас. Алонсо се најде на шестото место, со Ветел веднаш позади него на седмо, по неговиот старт од боксот. Кевин Магнусен беше осми, додека Пастор Малдонадо, конечно го забележа својот прв поен во сезоната со десеттото место. По завршување на трката и казната на Верн, стигна и до 2 бода.
За титулата ќе се решава во финалната трка во Абу Даби, освен ако Розберг не ја заврши трката во Бразил која е на програмата веќе овој викенд. Во меѓувреме Рикиардо сега и официјално е надвор од битка за Титулата.
Голема Награда на САД, Остин, Тексас
56 круга, 304.356км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч40:04.785
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 4.314
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 25.560
4. Фелипе Маса Вилијамс + 26.924
5. Валтери Ботас Вилијамс + 30.992
6. Фернандо Алонсо Ферари + 1:35.231
7. Себастијан Ветел Ред Бул + 1:35.734
8. Кевин Магнусен Мекларен + 1:40.682
9. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:43.863
10. Пастор Малдонадо Лотус + 1:47.870
11. Роман Грожан Лотус + 1 круг
12. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
13. Кими Раиконен Ферари + 1 круг
14. Естебан Гутиерес Заубер + 1 круг
15. Дањил Квјат Торо Росо + 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Себастијан Ветел - 1:41.379
БЕЗ ПЛАСМАН:
Нико Хулкенберг Форс Индија 17
Серџо Перез Форс Индија 2
Адријан Сутил Заубер 1
Генерален пласман по 17 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 316 1. Мерцедес АМГ 608
2. Нико Розберг 292 2. Ред Бул 363
3. Даниел Рикиардо 214 3. Вилијамс 238
4. Валтери Ботас 155 4. Ферари 196
5. Себастијан Ветел 149 5. Мекларен 147
6. Фернандо Алонсо 149 6. Форс Индија 123
7. Џенсон Батон 94 7. Торо Росо 31
8. Фелипе Маса 83 8. Лотус 9
9. Нико Хулкенберг 76 9. Марусија 2
10. Кевин Магнусен 53
11. Серџо Перез 47
12. Кими Раиконен 47
13. Жан-Ерик Верн 23
14. Роман Грожан 8
15. Дањил Квјат 8
16. Жил Бјанки 2
17. Пастор Малдонадо 1