Зад доминантните Сребрени стрели, со повеќе од половина секунда заостанување повторно болидот на Ферари, но сега Кими Раиконен го имаше пбрзото време. Фернандо Алонсо го запали својот болид, во буквална смисла. Сепак тоа се случи во завршните моменти од тренингот, а Шпанецот го забележа шестото најбрзо време.
Даниел Рикиардо од Ред Бул, го имаше 4-тото најбрзо време, пред болидите на Вилијамс, со што завршува списокот на возачи и болиди кои би можела да стигнато до подиумот на неделната трка. Секако не би требало да го исклучиме и актуелниот светски Шампион, Себастијан Ветел, кој беше десети најбрз болид на патеката.
Катерам и Марусија ги нема и на Интерлагос. Катерам поведе акција во која се бара од своите фанови и сите потенцијални спонзори да уплатат финансиски средства за учество на трката во Абу Даби. За разлика од нив Марусија прогласи дефинитивен банкрот и тимот престанува со работење.
Пирели ги донесе медиум и меките гуми. Времето денес беше суво и топло, но за викендот се прогнозираат грмотевици со дожд. ФИА повторно го тестираше виртуелното безбедносно возило на крајот од двата тренинзи. Тоа има функција да не им дозволи на болидите да возат побрзо од одредена брзина.
Како што можеби приметивте, направени се неколку промени на патеката, а највидлив е новиот асфалт. Излезот од гаражите е поместен на лево, за да се обезбеди зона за излетување при вториот свиок. Истото е направено и со влезот во гаражите, за да може да се помести и пит зидот подалеку од патеката. На свиокот 15 се поставени рабници, за да се оневозможи негово кратење со излез надвор од границите на патеката.
Утрешните квалификации ќе стартуваат во 17:00 часот по македонско време.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:12.123 | 36 | |
2. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:12.336 | + 0.215 | 36 |
3. Кими Раиконен | Ферари | 1:12.696 | + 0.573 | 32 |
4. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:12.956 | + 0.833 | 24 |
5. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:13.035 | + 0.912 | 31 |
6. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:13.099 | + 0.976 | 27 |
7. Фернандо Алонсо | Ферари | 1:13.122 | + 0.999 | 20 |
8. Дањил Квјат | Торо Росо | 1:13.254 | + 1.131 | 35 |
9. Себастијан Ветел | Ред Бул | 1:13.333 | + 1.210 | 28 |
10. Кевин Магнусен | Мекларен | 1:13.479 | + 1.356 | 33 |
11. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:13.497 | + 1.374 | 33 |
12. Роман Грожан | Лотус | 1:13.714 | + 1.591 | 37 |
13. Нико Хулкенберг | Торо Росо | 1:13.882 | + 1.759 | 32 |
14. Естебан Гутиерез | Форс Индија | 1:13.902 | + 1.779 | 25 |
15. Адријан Сутил | Заубер | 1:14.204 | + 2.081 | 36 |
16. Џенсон Батон | Мекларен | 1:14.209 | + 2.086 | 31 |
17. Жан-Ерик Верн | Заубер | 1:17.171 | + 5.048 | 5 |
18. Серџо Перез | Форс Индија | / | / | / |