Рековме, повеќето тимови, бидејќи оваа сезона гридот најверојатно ќе биде покус за Марусија и Катерам. Рускиот тим во сезоната кога ги освои своите први бодови престанува да постои, а причината се финансиските проблеми. За Катерам има некои шанси, но мора да кажеме дека се многу минимални. Освен овие два тима со проблеми се соочуваат Форс Индија, Лотус и Ред Бул. Секој тим од различни причини.
За Форс Индија се шпекулира дека се соочува со финансиски и организациони проблеми, а официјалната верзија е дека им треба повеќе време за работа на болидот во воздушниот тунел, каде секоја работа запира кога болидот ќе има деби на патеката.
Лотус имал проблеми со добавувачот на монокок карбонската кутија која била завршена минатиот петок, давајќи им мала можност на тимот за толку малку време да го состават болидот. Е23 сега придвижуван од Мерцедес ПЕ и доколку се појави на патеката во Херез, ќе настапел со многу делови од 2014 сезоната, а неговото вистинско деби се очекува за тест сесијата во Барселона на 19 февруари.
Адријан Њуи, кој во своите дизајни секогаш е на лимитот на правилата, го направил носот на РБ11, премногу краток, па не успеал да помине на краш тестовите на ФИА навреме. Тоа не е некој голем недостаток за нив, проблемот може лесно да се реши, но можеби тимот ќе закасни на првиот ден од сесијата, кога се очекува и официјалната промоција на РБ11, болидот кој треба Ред Бул да го врати на победничките патеки.
Главен фокус за првата тест сесија во Херез ќе биде понатамошно разбирање на новиот мотор, т.е. погонската единица, која вклучува 1.6 литарски турбо мотор и ЕРС-системот со два електрични мотори, кои својата сила ја црпат од кинетичката енергија на сопирачките и издувните гасови. Акцијата започнува во Недела, 1 Февруари, рано наутро.
Пред почетокот на сесијата, двата преостанати тимови ќе ги презентираат своите болиди за новата 2015 сезона и тоа најголемиот фаворит за овогодинешната титула, Мерцедес АМГ - W06, и најновото решение на Ред Бул и Адријан Њуи - РБ11.
Според временската прогноза тест сесијата треба да помине при суво време, со малку дожд, кој се предвидува за вторник. Температурите ќе се движат околу 14-от степен. Патеката во Херез, која има најгруб асфалт од сите останати патеки во календарот, па тоа е добра можност за тимовите да ги тестираат новите болиди со 2015 гумите на Пирели, кои не се многу променети од минатата сезона, но се очекува да овозможат поголема брзина.
Перформансите на болидите сега би требало да бидат ставени во прв план, освен Мекларен-Хонда кои допрва треба да ги поминат проблемите на останатите Ф1 тимови од минатогодишната тест сесија. Секако акцент ќе се стави и на поминување на што поголема километража т.е. да се тестира издржливоста на новите редизајнирани компоненти. Посетете не на нашата ФБ страна за најновите вести од Херез. Првичниот распоред по денови е следниот:
ТИМ | ПЕ | НЕДЕЛА, 01/02/2015 | ПОНЕДЕЛНИК, 02/02/2015 |
Мерцедес АМГ | Мерцедес-Бенц | Нико Розберг | Луис Хамилтон |
Ред Бул | Рено | Даниел Рикиардо | Даниел Рикиардо |
Вилијамс | Мерцедес-Бенц | Валтери Ботас | Валтери Ботас |
Ферари | Ферари | Себастијан Ветел | Себастијан Ветел |
Мекларен | Хонда | Фернандо Алонсо | Џенсон Батон |
Форс Индија | Мерцедес-Бенц | не присуствува | не присуствува |
Торо Росо | Рено | Карлос Саинц ЈР. | Макс Ферстапен |
Лотус | Мерцедес-Бенц | Пастор Малдонадо | Роман Грожан |
Марусија | Ферари | не присуствува | не присуствува |
Заубер | Ферари | Маркус Ериксон | Фелипе Наср |
Катерам | Рено | не присуствува | не присуствува |
ТИМ | ПЕ | ВТОРНИК, 03/02/2015 | СРЕДА, 04/02/2015 |
Мерцедес АМГ | Мерцедес-Бенц | Луис Хамилтон | Нико Розберг |
Ред Бул | Рено | Дањил Квјат | Дањил Квјат |
Вилијамс | Мерцедес-Бенц | Фелипа Маса | Фелипа Маса |
Ферари | Ферари | Кими Раиконен | Кими Раиконен |
Мекларен | Хонда | Фернандо Алонсо | Џенсон Батон |
Форс Индија | Мерцедес-Бенц | не присуствува | не присуствува |
Торо Росо | Рено | Карлос Саинц ЈР. | Макс Ферстапен |
Лотус | Мерцедес-Бенц | Пастор Малдонадо | Роман Грожан |
Марусија | Ферари | не присуствува | не присуствува |
Заубер | Ферари | Фелипе Наср | Маркус Ериксон |
Катерам | Рено | не присуствува | не присуствува |