GRAN PREMIO DE LA CIUDAD DE MEXICO (Autodromo Hermanos Rodriguez)
1/13/2015 04:48:00 PM
0
Кога е изградена патеката?
Во 1959 година. Таткото на најпознатите браќа возачи во Мексико, Рикардо и Педро Родригез, беше советник на мексиканскиот претседател Адолфо Лопез Матео, и главниот "виновник" за изградба на тркачка патека во спортскиот парк Магдалена Миксиука во Мексико Сити користејќи ги постојните патишта. Работата на патеката беше завршена за помалку од една година.
- Кога беше првата трка?
Формула 1 болидите пристигнаа во 1962 година за трка која не се бодуваше за шампионатот, враќајќи се следната година за инаугуралната Голема Награда на Мексико. Победник на таа трка во 1963 година беше Џим Кларк. Во следните неколку години, мексиканските вибрации за "фиеста" значеа дека овој настан стана традиционален учесник во Формула 1. Мексико се врати во Ф1 календарот во 2015 година.
- Каква е патеката?
Висока! Патеката Браќа Родригез се наоѓа на над 2 км надморска височина, правејќи го 4.3 км круг неверојатно искуство. Патеката сè уште во голема мера го следи оригиналниот изглед од 1959 година, а главната разлика е во тоа што спектакуларниот и застрашувачки Пералта свиок сега е поделен, а патеката наместо тоа сега поминува низ стариот безбол стадион Форо Сол, обезбедувајќи ги најуникатните глетки во Ф1.
Share to other apps