Се појавија многу шпекулации и теории на заговор, но ние ќе веруваме на официјалниот извештај од тимот на Мекларен, дека Алонсо имал потрес на мозокот, кој предивикал негова дезориентираност во првите мигови по несреќата. Првичните болнички испитувања покажале дека со него се е во ред, но како мерка за претпазливост ќе бидат извршени дополнителни испитувања. Лекарите препорачале да мирува, па можеби нема да се појави на втората предсезонска тест сесија во Барселона која започнува за неколку дена.
Фотографии од Барселона може да погледнете на нашата ФБ страна.
ЧЕТВРТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Роман Грожан | Лотус | 1:24.067 | 111 | |
2. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:24.321 | + 0.254 | 131 |
3. Дањил Квјат | Ред Бул | 1:24.941 | + 0.874 | 104 |
4. Фелипе Наср | Заубер | 1:24.956 | + 0.889 | 73 |
5. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:25.345 | + 1.278 | 129 |
6. Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:25.604 | + 1.537 | 88 |
7. Себастијан Ветел | Ферари | 1:26.312 | + 2.245 | 76 |
8. Нико Хулкенеберг | Форс Индија | 1:26.591 | + 2.524 | 36 |
9. Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:27.556 | + 3.208 | 20 |
Нема да навлегуваме во подлабока анализа на оваа прва рунда во Барселона, туку ќе се осврнеме на најзначајните заклучи во кратки црти, за да ја дадеме завршната оцена по третата предсезонска тест сесија.
Проблемите на Мекларен-Хонда не се решени. Една обична заптивка од MGU-К компонентата од ERS-системот прави огромни проблеми. И покрај сите надчовечки напори на Хонда и повеќе варијанти, таа никако да профункционира. Тимот на Мекларен е свесен дека колку подолго трае решавањето на основните проблеми на издржливост, толку подолго ќе потрае да се откријат и да се поправат понатамошните проблеми кои неминовно ќе се јават кога болидот би работел со полна сила. Остануваат уште само четири тест дена пред првата трка од новата сезона, што остава сомнеж дека болидот на Мекларен нема да биде целосно подготвен за Мелбурн. Дополнително работите ги искомпликува и несреќата на Фернандо Алонсо.
Мерцедес АМГ никако не ја покажува својата брзина. Додека другите тимови ги испробааа меките и супер-меките гуми на Пирели, Мерцедес АМГ се држеше до медиум гумите, со кои беше на исто рамниште со своите ривали. Постојат многу варијабли кои треба да се земат во предвид, но, ако ја земеме разликата во брзина помеѓу различните смеши на гумите, тогаш излегува фрапантен податок дека болидот на Сребрените стрели е за над 1 секунда побрз од сите останати.
Ферари по најбрзите времиња поставувани во Херез, во Барселона останаа порезервирани. Неколку почетнички проблеми малку им ја пореметија планираната тест сесија и не забележаа најбрзо време во нити еден од четирите тест дена. Но, тоа не спречи да бидат тимот што секој го споменуваше во разговорите со другите возачи и тимови, запрашани за тоа кој тим има најголем напредок од минатата сезона.
Рено вели дека ќе ги воведе планираните надградби на својата ПЕ за финалната тест сесија кога ќе биде "отклучен" целосниот нејзин потенцијал. Можеби тогаш ќе имаме добра индикација за тоа дали нивната најава дека ја преполовле разликата со Мерцедес-Бенц ПЕ е реална. Лотус имаше три најбрзи времиња на оваа тест сесија, но со помош на супер-меките гуми. Една изјава од нивниот тим дава добра слика за тоа каде се во моментов: "Можеби не сме најбрзиот болид, но далеку сме од последните места од минатата сезона."
Тимот на Вилијамс е најголемата непознаница на овие тест сесии. Според нив добиените податоци од телеметријата на болидот и повратните информации од возачите не даваат причини за некаква загриженост. Тимот е целосно фокусиран на решавање на она што недостасуваше во 2014 сезоната и не чувствуваат никаква потреба јавно да се докажуваат со брзи времиња на тест сесиите. Кога сме кај тимот на Форс Индија не гледаме некоја добивка со учество на овие тест сесии со 2014 болид. Исто како и да не биле присутни. Можеби добивме само споредба на брзината на минатогодишните и новите болиди на 2015 гумите на Пирели, која не е баш толку голема како што се прогнозираше.
НАЈБРЗИТЕ ВРЕМИЊА ОД СИТЕ 4 ТЕСТ ДЕНА
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | ДЕН/ГУМИ |
1. Роман Грожан | Лотус | 1:24.067 | 4/СМ | |
2. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:24.321 | + 0.254 | 4/Ме |
3. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:24.348 | + 0.281 | 3/СМ |
4. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:24.574 | + 0.507 | 2/М |
5. Кими Раиконен | Ферари | 1:24.584 | + 0.517 | 2/М |
6. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:24.672 | + 0.605 | 2/М |
7. Серџо Перез | Форс Индија | 1:24.702 | + 0.635 | 2/СМ |
8. Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:24.739 | + 0.672 | 3/СМ |
9. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:24.923 | + 0.856 | 2/Ме |
10. Дањил Квјат | Ред Бул | 1:24.941 | + 0.874 | 4/М |
11. Фелипе Наср | Заубер | 1:24.956 | + 0.889 | 4/СМ |
12. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:25.345 | + 1.278 | 4/М |
13. Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:25.604 | + 1.537 | 4/СМ |
14. Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:25.961 | + 1.894 | 2/М |
15. Џолион Палмер | Лотус | 1:26.280 | + 2.215 | 2/М |
16. Себастијан Ветел | Ферари | 1:26.312 | + 2.245 | 4/М |
17. Маркус Ериксонн | Заубер | 1:26.340 | + 2.273 | 3/М |
18. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:26.591 | + 2.524 | 4/М |
19. Паскал Верлајн | Форс Индија | 1:27.333 | + 3.266 | 3/Ме |
20. Џенсон Батон | Мекларен | 1:28.182 | + 4.115 | 1/Ме |
21. Паскал Верлајн | Мерцедес АМГ | 1:28.489 | + 4.422 | 1/Т |
22. Сузи Волф | Вилијамсн | 1:28.906 | + 4.839 | 1/Ме |
КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА ПО ВОЗАЧ
ВОЗАЧ | ТИМ | КРУГА | КМ. |
1. Макс Ферстапен | Торо Росо | 223 | 1038 |
2. Дањил Квјат | Ред Бул | 216 | 1005 |
3. Даниел Рикиардо | Ред Бул | 202 | 940 |
4. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 201 | 935 |
5. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 197 | 917 |
6. Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 188 | 875 |
7. Себастијан Ветел | Ферари | 181 | 842 |
8. Валтери Ботас | Вилијамс | 178 | 829 |
9. Пастор Малдонадо | Лотус | 173 | 805 |
10. Маркус Ериксон | Заубер | 166 | 773 |
11. Кими Раиконен | Ферари | 164 | 762 |
12. Паскал Верлајн | Мерцедес/Ф.Индија | 161 | 750 |
13. Серџо Перез | Форс Индија | 155 | 721 |
14. Фелипе Наср | Заубер | 152 | 708 |
15. Фелипе Маса | Вилијамс | 143 | 667 |
16. Роман Грожан | Лотус | 111 | 517 |
17. Сузи Волф | Вилијамс | 86 | 400 |
18. Фернандо Алонсо | Мекларен | 79 | 367 |
19. Џолион Палмер | Лотус | 77 | 359 |
20. Џенсон Батон | Мекларен | 45 | 209 |
21. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 36 | 167 |
КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА ПО ТИМ
П. | ТИМ | КРУГА | КМ. |
1. | Мерцедес АМГ | 446 | 2076 |
2. | Ред Бул | 418 | 1946 |
3. | Торо Росо | 411 | 1914 |
4. | Вилијамс | 407 | 1894 |
5. | Лотус | 361 | 1680 |
6. | Ферари | 345 | 1606 |
7. | Заубер | 318 | 1481 |
8. | Форс Индија | 304 | 1415 |
8. | Мекларен | 124 | 578 |
КОМПЛЕТИРАНИ КРУГА ПО ПЕ
П. | ПРОИЗВОДИТЕЛ | КРУГА | КМ. |
1. | Мерцедес-Бенц | 1518 | 7065 |
2. | Ферари | 829 | 3858 |
3. | Рено | 663 | 3085 |
4. | Хонда | 124 | 578 |