Први поголеми проблеми за Заубер, на Маркус Ериксон успеа да се најде на патеката само во попладневната сесија, додека предпладневниот дел беше пропуштен поради проблеми со менувачот. На крај го забележа четвртото место на меките гуми и беше веднаш зад светскиот шампион Луис Хамилтон, чие најбрзо време беше поставено на медиум гуми. Мерцедес АМГ смирено си работи на својата тест програма која има за цел да ја зголеми издржливоста на болидот и остава другите тимови да ги собираат насловните страни, без никаква заинтересираност да комплетираат некој круг на помегите смеши од 2015 Пирели гумите. Изгледа се чуваат за последната тест сесија, која исто така се одржува на оваа патека од 26 Февруари до 1 Март, за да ја "убијат" својата конкуренција.
Мекларен имаше уште еден фрустрирачки ден. Редизајнираната заптивка на MGU-K системот, која предизвика многу проблеми на првиот ден, повторно не издржа, па по долга пауза во гаражата, Џенсон Батон мораше да работи со намалена моќност на Хонда ПЕ во остатокот од денот. Британецот, исто така, предизвика црвено знаме, заедно со Макс Фертапен, кога неговиот Мекларен и болидот на Торо Росо запреа на излез од боксевите набрзо еден по друг. Ферстапен и Торо Росо со комплетирани 129 круга беа на врвот на табелата по помината километража.
Себастијан Ветел на почетокот од денот имаше незгодно извртување на патеката и заврши во чакалот, а се поради ладните гуми СФ15-Т при својот прв инсталациски круг. Тој на крајот комплетираше 105 круга за Ферари и го имаше петтото најбрзо време. Ред Бул и Дањил Квјат денес на програмата со две симулации на трка, без поголеми проблеми и шесто најбрзо време. За Вилијамс тестираа двата нивни возачи, Фелипе Маса и Валтери Ботас, повторно оствајќи го овој тим во втор план.
Тест сесијата продолжува утре, со последниот тест ден. Најновите фотографии од Барселона може да ги погледнете на нашата ФБ страна.
ТРЕТ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:24.348 | 104 | |
2. Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:24.739 | + 0.391 | 129 |
3. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:26.076 | + 1.728 | 101 |
4. Маркус Ериксон | Заубер | 1:26.340 | + 1.992 | 53 |
5. Себастијан Ветел | Ферари | 1:26.407 | + 2.059 | 105 |
6. Дањил Квјат | Ред Бул | 1:26.589 | + 2.241 | 111 |
7. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:26.912 | + 2.564 | 55 |
8. Паскал Верлајн | Форс Индија | 1:27.333 | + 2.958 | 81 |
9. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:27.556 | + 3.208 | 49 |
10. Џенсон Батон | Мекларен | 1:29.151 | + 4.803 | 24 |