Тој го постави најбрзото време досега на тестирањето на патеката Каталуња, подобрувајќи го досега најбрзото време на Роман Грожан за нешто повеќе од четири десетинки. При крајот на сесијата Маркус Ериксон излезе со супер-меки гуми на патеката земајќи му го второто место на Луис Хамилтон, кој поради проблемите на неговиот болид повторно остана само со време забележано на медиум гумите, сепак доволно за одличното трето место.
Мекларен со големи проблеми, денес поради истекување на течност од хидрауликата, Џенсон Батон успеа да комплетира само седум круга, од кои само еден со мерено време. За разлика од него возачот со најголем број на комплетирани круга, 122, беше Маркус Ериксон. Црвеното знаме го имавме само два пати во текот на денот поради застанување на болидите на Ред Бул и Торо Росо. Рено ПЕ повторно ја покажа својата кревка природа.
Тест сесијата продолжува утре, петок 27.02.2015 година. Најновите фотографии од Барселона може да ги погледнете на нашата ФБ страна.
ПРВ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Фелипе Маса | Вилијамс | 1:23.500(М) | 104 | |
2. Маркус Ериксон | Заубер | 1:24.276(СМ) | + 0.776 | 122 |
3. Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:24.881(Ме) | + 1.381 | 48 |
4. Дањил Квјат | Ред Бул | 1:25.947(Ме) | + 2.447 | 75 |
5. Роман Грожан | Лотус | 1:26.177(М) | + 2.677 | 75 |
6. Кими Раиконен | Ферари | 1:26.327(Ме) | + 2.827 | 80 |
7. Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:26.962(Ме) | + 3.462 | 86 |
8. Џенсон Батон | Мекларен | 1:31.479(Ме) | + 7.979 | 7 |