Во утринските часови, тимот работеше на аеро анализи, а во попладневните часови вршеа евалуација на различни подесувања на болидот. Нико Розберг комплетираше 65 круга пред и уште 41 по паузата за ручек. За прв пат беа употребени меките гуми, што за последица имаше демотивација на своите ривали. Луис Хамилтон ќе седне зад воланот W06 на третиот ден од оваа тест сесија.
Ферари добро ги започна тест сесиите, но како да губи здив. Денешниот ден најдобро се опишува со изјавата на Себастијан Ветел: "Денес извозев повеќе од две трки, но не знам дали победив на некоја од нив, тоа зависи од она што го направија другите тимови! Настрана од шегувањето, убаво е што на финалната тест сесија ние имаме се поголема и поголема километража. Денес немавме некои проблеми, знаеме дека не чека уште многу работа, но досега се чувствувам многу добро. Кога би морал да кажам некоја работа со која не сум задоволен, би сакал да сме малку побрзи, но, сепак тешко е да се оцени колку сме ние брзи, не знаејќи ја точната програма на нашите ривали. Јас не го возев 2014 болидот, но мислам дека SF-15T е голем чекор напред. Тоа не значи дека ние сме задоволни, бидејќи ќе мора да се победи Мерцедес АМГ. Што се случува зад нив не е јасно, судејќи по постигнатите времиња досега."
По вчерашниот разочарувачки старт на сесијата, Мекларен денес го имаше најпродуктивниот ден од почетокот на зимските тестирања. Во утринските часови имаа аеро тестови на предното крило со соодветни промени на подесувањето, додека во попладневните часови, тимот се префрли на подолги стинтови, оценување на механичкиот баланс на болидот и голем број на пит-стоп проби на екипажот. Непосредно пред крајот на денот, Џенсон Батон запре на патеката со недефиниран проблем со електрониката, но веќе имаше комплетирано досега за нив невозможни 101 круга, нивна најдолга дневна километража оваа година. Тимот се уште доцни со планираната програма за развој на MP4-30, но ако продолжат со ова темпо, ќе биде добро за нив пред почетокот на 2015 сезоната. Утре тест должностите ги превзема Кевин Магнусен, за на последниот тест ден повторно болидот да биде предаден на Џенсон Батон.
Дањил Квјат со болидот на Ред Бул успеа да комплетира 84 круга. Во утринските часови, додека се подготвуваа нови делови за болидот, тимот се концентрираше со работа на аеродинамиката и пократки стинтови. Со новите компоненти инсталирани во текот на паузата за ручек, фокусот беше префрлен на долги стинтови. Проблем со еден од многуте сензори доведе до застој во програмата, за потоа да се продолжи без поголеми проблеми.
Тимот на Вилијамс го започна денот со аеро евалуација и споредба на добиените податоци од телеметријата, во комбинација со она што го чусвствува Валтери Ботас додека е во болидот на патеката. Потоа имаа неколку квалификациони стинтови, кога беше поставено најбрзото време за овој тим на меките гуми на Пирели. Денот беше завршен со тестирање на процедурите за трка и испитување на нови компоненти.
Пастор Малдонадо со Е23 комплетираше 140 круга, што е растојание од две трки. Тест програмата на Лотус Ф1 се состоше само од симулација на трка, со аеро евалуација на предната суспензија. Тест програмата продолжува утре со Роман Грожан зад воланот на E23. Покрај останатите занимливости на денот, беше и дебито на новиот болид на Форс Индија, VJM08, на патеката во Барселона, со Нико Хулкенберг зад воланот и комплетирани вкупно 77 круга.
Во тимот на Торо Росо се задоволни со она што го постигнаа на денешниот ден, иако за нив сесијата заврши еден час порано, поради проблеми со електрониката. Работеа напорно за стекнување на корисни податоци во врска со новиот Аеро пакет, и подесувања на шасијата. Потоа, по паузата за ручек, Макс Ферстапен имаше симулација на трка, кога пред самиот крај на истата болидот застана на патеката. Холанѓанецот е задоволен од како што го нарече новиот надграден болид на Торо Росо.
Уште еден позитивен ден за тимот на Заубер Ф1 со Фелипе Наср зад воланот на C34. Инженерите на овој тим се фокусираа на аеро мерења, различни подесувања на болидот, симулација на трка и неколку квалификациони стинтови. Севкупно, Фелипе Наср комплетираше 141 круга, а утре болидот го предава на Маркус Ериксон.
ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГОВИ |
1. Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:22.792(М) | 106 | |
2. Валтери Ботас | Вилијамс | 1:23.995(М) | + 1.203 | 90 |
3. Фелипе Наср | Заубер | 1:24.071(М) | + 1.279 | 141 |
4. Себастијан Ветел | Ферари | 1:25.339(М) | + 2.547 | 143 |
5. Џенсон Батон | Мекларен | 1:25.590(М) | + 2.798 | 101 |
6. Пастор Малдонадо | Лотус | 1:26.705(М) | + 3.915 | 140 |
7. Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:26.766(Ме) | + 3.974 | 139 |
8. Дањил Квјат | Ред Бул | 1:26.965(Ме) | + 4.173 | 84 |
8. Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:28.412(Ме) | + 5.620 | 77 |