Според Мерцедес АМГ 2015 година го означува почетокот на еден еволутивен процес за модерните хибридни погонски единици кои што беа воведени во 2014 сезоната. Но, зборот еволуција не треба да го маскира обемот на промените за ова сезона. Одредените промени во техничките регулативи, заедно со амбициозните цели на тимот, повторно беа предизвик, како и секогаш. Што постабилни правила, тоа значи дека тимот треба да биде поиновативен за да се извлече максимумот на перформанси од секоја нова генерација на болиди.
Како што се развива ПЕ, така растат барањата за подобрување на безбедноста, сигурноста и зголемување на ефикасноста. Интензивната фаза на дизајнирање, комбинирање на поединечни добивки и насочени иновации го конструираа W06 Hybrid, болид кој испорачува механички, аеродинамички и структурални подобрувања од неговиот претходник, W05 Hybrid. Во втората сезона со овие ПЕ, Мерцедес АМГ влегува со непроменета возачка постава. По една неверојатна битка меѓу тимските колеги во текот на 2014 сезоната, и Луис Хамилтон и Нико Розберг работат напорно во рамките на подготовките за оваа сезона, нестрпливо очекувајќи ги предизвиците на патеките ширум светот.


