По интензивната и напорна зимска пауза, Инфинити Ред Бул го промовираше 2015 болидот, RB11, во својата гаража на патеката Херез во Јужна Шпанија, исто како и Мерцедес пред официјалниот почетокот на новата сезона. Многумина се изненадени од впечатливиот тест бои на RB11.
Новиот болид има подобрувања во сите области со цел да се подобрат перформансите од минатата сезона, кога RB10 по тешкиот почеток на крај го освои второто место во шампионатот на конструкторите.
Како и кај останатите 2015 болиди, најзначајните промени во надврешниот изглед се во предниот дел на болидот, кои беа изменети во согласност со најновите прописи. Новиот нос наликува многу на минатогодишниот од Ферари Ф14 Т, но од Ред Бул истакнуваат дека најголемите измени на RB11 се под новата црна-бела обоена каросерија.
РЕД БУЛ RB11 - ДИЗАЈНИРАН ДА ИСПОРАЧА ДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ
2/01/2015 12:25:00 PM
0
Share to other apps