За време на слободните тренинг сесии за Големата Награда на Кина и коментарите на Алонсо за напуштањето на Ферари, Паола Салуци, еден од најдобрите новинари и презентери на Скај Италија имаше VIP напад кон Шпанецот преку Твитер платформата.
Alonso @ScuderiaFerrari gli è ritornata la memoria e si è ricordato di quanto sia #arrogante e #invidioso #pezzodiimbecille
Не треба да преведуваме што тоа значи, хаштаговите ги разбирате и самите Арогантен, Завидлив, Имбецил. Кога Фернандо Алонсо добил известувањето за ова, одбил да зборува со новинарите на Скај Италија присутни на патеката во Шангај, ТВ канал кој ги има правата за целосна Ф1 покриеност во оваа земја.
Подоцна, Салуци го избриша нејзиниот Твит и се извини.
@ramp95FI essere tifosi impone educazione, hai ragione. Ho sbagliato da sola. Io e basta. Scusate.
@MaryJuanes @alo_oficial allora Mary: ho chiesto scusa. Lo faccio nuovamente. Ho parlato -stupidamente- da tifosa. Quindi: SCUSA. Davvero.
Но, веќе беше касно. Веднаш реагираа и одговорните на телевизиската куќа, па новинарката е суспендирана на неодредено време.
ФЕРНАНДО АЛОНСО НАПАДНАТ ОД НОВИНАРКА НА СКАЈ ИТАЛИЈА
4/14/2015 11:59:00 AM
0
Share to other apps