Големата награда на Бахреин се одржува од 2004 година, а од минатата година кога ја прославија својата јубилејна 10 трка, организаторите се решија за старт во 18:00 часот по локално време, што значи дека стартот е на зајдисонце, за да се заврши во целосна темница, слично на Абу Даби ГП-то.
Шакир е модерна патека направена по највисоки стандарди, како и сите останати азиски патеки, кои се финансирани од моќните шеици. Асфалтната површина е составена од 60.000 тони увезен гранит од Англија, а најголем проблем е пустинската прашина која го намалува нивото на грип. Се карактеризира со четири долги правци, комбинирани со тесни и бавни свиоци. Амбиетална температура може да достигне до 45°C, што го прави ладењето на ПЕ како најголем приоритет. Миксот на бавни кривини на крајот од долгите правци значи дека тоа е една од најтешките патеки за сопирачките во целата сезона.
Следува уште една трка на многу топло време, а според искуството на инженерите од Рено Ф1 и неколку степени разлика помеѓу сесиите може да влијаат на балансот на новите погонските единици. Се разбира, фактот што оваа година имаме полу-ноќна трка, значи дека ќе имаме малку пониски температури, кои сепак се над 30°C во 19:00 часот т.е. кога ќе завршува трката. Шакир е патека која најмногу ги истакнува перформансите на погонската единица, како V6 моторот, така и хибридниот дел. Сепак, не треба да заборавиме дека брзина на правците директно зависи и од нивото на аеродинамична потисна сила. Значи од витална важност ќе биде да се погоди вистинското подесување на болидот, за да се извади неговиот максимум од силата на ПЕ и аеро придобивките.
Знаеме дека гумите имаат значително влијание на поредокот. Пирели исто како и минатата сезона ги донесе меките и медиум смешите. Ова е поради тоа што тие очекуваат амбиенталната, како и температурите на патеката значително да опаѓаат во текот на трката, со што суштински би се смениле перформансите и деградацијата на гумите. Бахреин ГП нема да биде лесна трка за Ф1 тимовите, но Мерцедес АМГ пристигнува полн со самодоверба и оптимизам за повторување на успехот од минатата трка. Мерцедес АМГ повторно изгледа конкуренет, а единствен кој можеби ќе ги помеша нивните пресметки е Ферари, кој сезоната ја започна со многу посилно тркачко темпо од минатата сезона.
Но, најновите шпекулации околу силината на Мерцедес ПЕ што се вградуваат во останатите Ф1 тимови сугерираат дека во првите две трки Вилијамс, Лотус и Форс Индија користеле застарени спецификации на истата, но од минатата трка Вилијамс добил еден чекор понапредна Мерцедес ПЕ, па затоа беше значително побрз на трката во Кина. Тоа е направено за Ферари да добие уште еден конкурент на кој би внимавал, а сребрените стрели би биле порелаксирани во однос на нивната закана.
Еве и список на досега искористените делови на ПЕ од страна на секој од возачите:
ICE: мотор со внатрешно согорување
TC: турбо полнач
MGU-H: Генератор на топлинска енергија (издувни гасови)
MGU-K: Генератор на кинетичка енергија (сопирачки)
ES: Акумулатор за складирање на енергија
СЕ: Централна компјутерска единица
Мерцедес АМГ
Луис Хамилтон
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 2
Нико Розберг
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Ред Бул
Даниел Рикиардо
ICE: 3, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Дањил Квјат
ICE: 2, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 2
Вилијамс
Валтери Ботас
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Фелипе Маса
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Ферари
Себастијан Ветел
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Кими Раиконен
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Мекларен
Фернандо Алонсо
ICE: 2, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 2, CE: 2
Џенсон Батон
ICE: 2, TC: 3, MGU-H: 3, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 1
Форс Индија
Нико Хулкенберг
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 2
Серџо Перез
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Торо Росо
Карлос Саинц ЈР.
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 1, ES: 2, CE: 2
Макс Ферстапен
ICE: 2, TC: 1, MGU-H: 2, MGU-K: 1, ES: 2, CE: 2
Лотус
Роман Грожан
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Пастор Малдонадо
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Манор
Вил Стивенс
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Роберто Мери
ICE: 2, TC: 2, MGU-H: 2, MGU-K: 2, ES: 1, CE: 2
Заубер
Маркус Ериксон
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
Фелипе Наср
ICE: 1, TC: 1, MGU-H: 1, MGU-K: 1, ES: 1, CE: 1
ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА БАХРЕИН
4/17/2015 12:13:00 PM
0
Share to other apps