Иако, првично поголеми надградби на Ферари ПЕ беа најавени за Шпанското Гран При, според Скај Ф1 тие ќе се воведат од Канадското Гран При, кога се очекува помоќен мотор со 20-30 КС повеќе од сегашната спецификација. Но, според Аривабене овој процес на развој е чекор по чекор и се работи напорно да се воведуваат промени на секоја трка, па тоа ќе се случи и на Шпанското Гран При. Традиционално, тимовите во Формула 1 ја користат Шпанија како точка од сезоната во која претставуваат значително подобрување на нивните пакети, а исклучок во овој поглед нема да има ни оваа сезона.
"Во Барселона многу од тимовите доаѓаат со нови работи. Ние, исто така, подготвивме некои нови решенија. Нашата програма за развој на СФ-15Т се одвива чекор по чекор, внимателно одбирајќи ги потезите, па ќе зборуваме за нив кога ќе ги тестираме во пракса. Се надеваме дека повеќето ќе бидат чекот напред, отколку кон назад. Секогаш треба да сме претпазливи. Се надеваме дека ќе имаме добар пакет надградби, кој ќе не повлече кон напред."
Шпекулациите се дека првата Европска трка ќе донесе помали модификации на ПЕ, а повеќе на останатиот дел од болидот, особено аеродинамиката, кои би придонесле за да се стигнат водечките болиди на Мерцедес АМГ. Знаеме дека од минатата сезона развојот на ПЕ е ограничен со одреден број на токени, па затоа тие треба паметно да се искористат. Ферари има потрошено 22 од 32 достапни токени, а за големата надградба од Монтреал, ќе потрошат плус пет токени. Во Мерцедес имаат уште седум токени за понатамошен развој на нивната ПЕ. Рено имаа најголем бој токени, 12, но сеуште не се решаваат да ги употребат, а со оглед на нивната состојба и не ни знаат во кој правец и начин да ги искористат, како би ги решиле големите проблеми. Хонда се на почеток на својот развој, со 9 токени на располагање.
НАДГРАДБАТА НА ФЕРАРИ ОДЛОЖЕНА ЗА КАНАДСКОТО ГРАН ПРИ
4/21/2015 01:28:00 PM
0
Share to other apps