Во Шпанија, Пирели ќе ги донесе Портокаловите Тврди и Белите Медиум гуми, двете најтврди смеши во нивната палета. Тоа е поради фактот што патеката Каталуња создава високо-енергетско оптоварување врз гумите. Исто така, амбиенталната температура може да биде доста висока.
За Монако и Канада, соодветно за улична патека и полу-постојан објект, се номинирани двете најмеки смеши т.е. Жолтите Меки и Црвените Супер-меки гуми.
Монте Карло е најбавната патека во календарот со многу свиоци и мазен асфалт, каде болидите се потпираат на механичкиот грип од гумите. Овој факт ја прави оваа патека совршено место за деби на супер-меките, во комбинација со меките гуми. Монтреал е уште една патека која е многу зависна од механичкиот грип, а трката често се одржува на постудени температури. Тракцијата и кочењето се главните карактеристики на оваа патека.
Австриското ГП кое се одржува на патеката Ред Бул Ринг во Спилберг е карактеристично по неколкуте остри свиоци, што значи дека просечната брзина е релативно ниска. Заедно со непредвидливите временски услови, Меките и Супер-маките гуми се повторно најидеалниот избор и за оваа трка.
ЦРВЕНИ | ЖОЛТИ | БЕЛИ | ПОРТОКАЛОВИ | |
АВСТРАЛИЈА | МЕКИ | МЕДИУМ | ||
МАЛЕЗИЈА | МЕДИУМ | ТВРДИ | ||
КИНА | МЕКИ | МЕДИУМ | ||
БАХРЕИН | МЕКИ | МЕДИУМ | ||
ШПАНИЈА | МЕДИУМ | ТВРДИ | ||
МОНАКО | СУПЕР-МЕКИ | МЕКИ | ||
КАНАДА | СУПЕР-МЕКИ | МЕКИ | ||
АВСТРИЈА | СУПЕР-МЕКИ | МЕКИ |