Тренингот беше прекинат со црвеното знаме поради судирот на Роберто Мери со бариерите, предизвикан губење на контрола врз болидот кога ги притисна сопирачките по излез од тунелот и подготовка за следните два свиоци. Наскоро стана видливо дека тоа било предизвикано можеби и од првите капки на дождот, кој се засили во наредните неколку минути. Како последица на тоа сите болиди останаа во своите гаражи.
Малку акција видовме во последните 5 минути, колку возачите да ги испробаат интемедиа и гумите за влажна патека.
Нити овој попладневен тренинг не донесе релеватни времиња за споредување, но едно е јасно, а тоа е дека Луис Хамилтон нема да има конкуренција за Пол позицијата нити од својот тимски колега. Само предуслов за тоа се нормални временски и безбедносни услови на патеката. Но, Монте Карло е патека на која не секогаш се оди како што е планирано кога има дожд и многу излегувања на безбедносното возило, единствени фактори кои може да ги направат Квалификациите и Трката интересни за гледање.
Следна шанса на која возачите ќе имаат можност да ги испробаат супер-меките гуми е саботниот тренинг, кој на програмата е во 11 часот. Квалификациите се стандардно за Европските трки - 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:17.192 10
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:17.932 + 0.740 14
3. Себастијан Ветел Ферари 1:18.295 + 1.103 12
4. Кими Раиконен Ферари 1:18.543 + 1.351 13
5. Дањил Квјат Ред Бул 1:18.548 + 1.356 15
6. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:18.659 + 1.467 12
7. Макс Ферстапен Торо Росо 1:18.782 + 1.590 10
8. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:19.151 + 1.959 16
9. Серџо Перез Форс Индија 1:19.300 + 2.108 11
10. Фернандо Алонсо Мекларен 1:19.450 + 2.258 11
11. Фелипе Маса Вилијамс 1:19.560 + 2.368 11
12. Валтери Ботас Вилијамс 1:19.566 + 2.374 13
13. Пастор Малдонадо Лотус 1:19.577 + 2.385 12
14. Џенсон Батон Мекларен 1:19.606 + 2.414 11
15. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:19.639 + 2.447 12
16. Роман Грожан Лотус 1:19.730 + 2.538 12
17. Фелипе Наср Заубер 1:20.647 + 3.455 9
18. Роберто Мери Манор 1:22.017 + 4.825 8
19. Вил Стивенс Манор 1:22.943 + 5.751 11
20. Маркус Ериксон Заубер без поставено време 0
* 2014 1. Фернандо Алонсо - Ферари - 1:18.482