Луис Хамилтон незапирлив...
Луис Хамилтон со болидот на Мерцедес АМГ го забележа најбрзото време на првата тренинг сесија за Големата Награда на Монако. Тој беше за 0.149 секунди побрз од Макс Ферстапен во болидот на Торо Росо. Со повеќе од три десетинки заостанување третото најбрзо време го имаше Даниел Рикиардо. Нико Розберг со над една секунда заостанување зад својот тимски колега на првото место од табелата. Пред почетокот на првиот тренинг имаше дожд во Монте Карло, но, иако патеката на почетокот беше прогласена за влажна, асфалтот беше речиси комплетно сув.Редоследот на овој утрински тренинг е изненадувачки, но не е реален одраз на силите, бидејќи Мерцедес АМГ и Ферари брзите кругови ги поставија во првиот дел од сесијата, додека останатите при крајот, кога условите на патеката значително се подобрија. Сребрените стрели со импресивен број на комплетирани круга, како да брзаа да ја завршат целосната програма за денес веќе ова утро, можеби во очекување на нов дожд.
Ферари направија одредени измени на подесеноста на болидот за Монако, во обид да се опорават од разочарувачкиот настап во Шпанија. Но, повторно не е се како треба, па Кими Раиконен како по обичај со повеќе забелешки на однесувањето на болидот преку тимското радио. Ветел иако со помалку забелешки кон однесувањето на болидот, но блокирањето на тркалата во неколку наврати ни покажа дека и кај него не е се перфектно. Тие како и повеќето возачи се жалеа на ладни гуми и лизгавиот асфалт, т.е. на недостаток на грип. Како резултат на тоа видовме и повеќе излегувања надвор од патеката при првиот свиок, едно од ретките места каде тоа може да си го дозволат.
Вилијамс, Лотус и Ред Бул, исто така, донесоа нови делови за овој викенд, во обид да го подобрат своето темпо. Фернандо Алонсо со добар настап за Мекларен и заостанување од околу една секунда зад најбрзото време, но Џенсон Батон на патеката го видовме дури по изминати педесет минути.
Доколку нема дожд пред вториот тренинг за денес, ќе видиме големо намалување на времињата, кои би биле во близина на минатогодишното квалификациско темпо. Вториот тренинг започнува во 14:00 MK.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:18.750 48
2. Макс Ферстапен Торо Росо 1:18.899 + 0.149 41
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:19.086 + 0.336 26
4. Себастијан Ветел Ферари 1:19.134 + 0.384 30
5. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:19.245 + 0.495 39
6. Пастор Малдонадо Лотус 1:19.454 + 0.704 34
7. Дањил Квјат Ред Бул 1:19.520 + 0.770 32
8. Кими Раиконен Ферари 1:19.679 + 0.929 30
9. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:19.762 + 1.012 46
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:19.766 + 1.016 31
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:19.791 + 1.041 27
12. Џенсон Батон Мекларен 1:20.202 + 1.452 14
13. Роман Грожан Лотус 1:20.274 + 1.524 33
14. Серџо Перез Форс Индија 1:20.619 + 1.869 34
15. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:20.784 + 2.034 33
16. Фелипе Наср Заубер 1:20.857 + 2.107 23
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:20.917 + 2.167 35
18. Маркус Ериксон Заубер 1:21.219 + 2.469 24
19. Вил Стивенс Манор 1:23.234 + 4.484 27
20. Роберто Мери Манор 1:23.404 + 4.654 30
* 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.271