Нико Розберг со добар старт безбедно стигна до првиот свиок и ја задржа водечката позиција на гридот, која во нити еден момент не беше загрозена, при тоа стигнувајќи до деветтата Победа во кариерата. Споротивно на него Луис Хамилтон имаше лош старт на валканата страна на патеката и беше поминат од страна на Себастијан Ветел. Британецот држеше чекор со него во првиот стинит, за бавниот прв пит-стоп да ја зголеми разликата помеѓу нив двајцата. Британецот при вториот стинт ја намали разликата, но следуваше уште еден бавен пит-стоп, но променетата стратегија со 3 застанувања во бокс при третото застанување му го врати второто место од стартот на трката. На крајот се доближи на девет секунди до Розберг, но, тимскиот колега имаше контрола на темпото, па првото место не беше доведено во прашање.
"Ова е фантастичен викенд", изјави Розберг. "Целиот викенд се се одвиваше според планираното. Јас сум многу среќен. Во еден момент мислев дека можеби, кој знае, можеби Себастијан може да го задржи Луис зад себе, што од една страна не е добро за тимот, но ќе беше подобро за мене. Но, седум поени е подобро од ништо и резултатот е фантастичен за тимот со нова 1-2 Победа. Сите донесоа надградби, но и покрај тоа ние доминиравме и тоа е фантастично."
Хамилтон, пак, рече дека неговата трка било спасување на тоа што може да се спаси.
"Имав доста слаб старт. Долго време не сум имал таков лош почеток. Се обидов да дадам се од себе да се вратам во игра, но патеката не е многу добра за претекнување. Таа е најлошата. Невозможно е да се следи некој болид. Јас направив доволно во првиот стинт, но имав многу долго застанување во бокс, па потоа се мораше од почеток, но на крајот на од третиот пит-стоп имав доволно предност за второто место. Забележав добри поени за тимот, но тоа беше контролирање на штетата."
Себастијан Ветел призна дека во Ферари знаеле дека нема да можат да го задржат Хамилтон зад себе во текот на целата трка, и дека по неговиот бавен прв пит-стоп тимот се одлучил да ја покриваат неговата стратегија.
"Знаев дека ќе биде тешко да го задржам зад себе, тие беа многу побрзи на крајот. Имавме малку среќа при првиот пит-стоп, Луис имаше проблем, реагиравме добро и успеавме да останеме напред. Кога повторно запре и се виде дека ќе одат со три запирања, нашите најдобри шанси беа да се остане на патеката. Имавме одредени надградби кои работеа добро, и јас сум убеден дека во следните неколку трки ние ќе го засилиме нашата темпо."
Зад нив Валтери Ботас се одржа на четвртото место, пред Кими Раиконен со вториот болид на Ферари. Фелипе Маса и Даниел Рикиардо имаа "осамена" трка за 6-тото т.е. 7-мото место. Роман Грожан по неколкуте инциденти со својот тим успеа да финишира на 8-то место. Во последните моменти од трката конечно аплаузи од трибините кога домашниот возач, Карлос Саинц ЈР. го претекна својот тимски колега, Макс Ферстапен по должината на главниот правец со помош на ДРС-системот. Истиот возач во последниот круг имаше близок контакт со Ред Булот на Дањил Квјат во првиот свиок, но сепак успеа да го задржи 9-тото место. Инцидентот беше разгледуван од стјуардите, но без никакви последици за никој од возачите.
Мекларен повторно не беше на посакуваното ниво. Фернандо Алонсо имаше одличен почеток на трката со пласман во поени, но поради проблеми со сопирачките не ја заврши трката. Џенсон Батон пак имаше големи проблеми, жалејќи се на никаков грип од задните тркала, со порака до своите механичари дека секогаш кога ќе притисне на педалата за гас, тркалата пролизгуваат. Како резултат е 16-тото место, само пред болидите на Манор.
Голема Награда на Бахреин, Шакир.
57 круга, 310.238км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. Возач Тим Време
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч41:12.555
2. Луис Хамилтон Мерцедес AMG + 17.551
3. Себастијан Ветел Ферари + 45.342
4. Валтери Ботас Вилијамс + 59.217
5. Кими Раиконен Ферари + 1:00.002
6. Фелипе Маса Вилијамс + 1:21.314
7. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1 круг
8. Роман Грожан Лотус + 1 круг
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
10. Дањил Квјат Ред Бул + 1 круг
11. Макс Ферстапен Торо Росо + 1 круг
12. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
13. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
14. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
15. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1 круг
16. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
17. Вил Стивенс Манор + 3 кругa
18. Роберто Мери Манор + 4 кругa
Најбрз круг: Луис Хамилтон - 1:36.311
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Пастор Малдонадо Лотус 46
Фернандо Алонсо Мекларен 27
2014:
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч41:05.155
2. Нико Розберг Мерцедес AMG + 0.636
3. Даниел Рикиардо Ред Бул + 49.014
Генерален Пласман по 5-та трка:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 111 1. Мерцедес АМГ 202
2. Нико Розберг 91 2. Ферари 132
3. Себастијан Ветел 80 3. Вилијамс 81
4. Кими Раиконен 52 4. Ред Бул 30
5. Валтери Ботас 42 5. Заубер 19
6. Фелипе Маса 39 6. Лотус 16
7. Даниел Рикиардо 25 7. Торо Росо 14
8. Роман Грожан 16 8. Форс Индија 11
9. Фелипе Наср 14
10. Макс Ферстапен 6
11. Нико Хулкенберг 6
12. Карлос Саинц ЈР. 6
13. Серџо Перез 5
14. Маркус Ериксон 5
14. Дањил Квјат 5