Времето е за 0,307 секунди побрзо од годинешната Пол позиција во саботата, но 1.6 секунди побавно од најбрзото време во текот на осумте тест дена пред стартот на сезоната спроведени на истата оваа патеката. Но, тогаш Розберг ги користеше меките гуми, додека за Шпанското Гран При номинирани беа медиум и тврдата смеша на Пирели.
Розберг денот го заврши со предност од 2.250 секунди пред Маркус Ериксон со Заубер, и Рафаеле Марсело во болидот на Ферари, со дополнителни 0.024 секунди зад Швеѓанецот. Сите тимови тестираа најразлични нови компоненти и аеродинамични делови со оглед на различната природа на следните две трки во Монако и Канада.
Неочекувано Ф1 деби имаше Ник Јелоли кој комплетираше 100 круга за Форс Индија, откако резервниот возач на Мерцедес АМГ, Паскал Верлајн, го откажа учеството на денешниот ден поради болест. Друг дебитант во Ф1 болид беше и ГП2 возачот, Пјер Газли, кој комплетираше неверојатни 131 круга со болидот на Торо Росо.
Мекларен беше тимот кој најмногу експериментираше со нови делови, до таква мера, што нивниот тест возач Оливер Тарви имаше долга пауза за ручек, бидејќи во попладневниот дел од сесијата како да возеше комплетно нов болид.
ПРВА СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА, БАРСЕЛОНА, 1 ДЕН
П. Возач Тим Време Разлика Круга
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.374 146
2. Маркус Ериксон Заубер 1:26.624 + 2.250 98
3. Рафаеле Марчело Ферари 1:26.648 + 2.274 125
4. Дањил Квјат Ред Бул 1:26.904 + 2.530 101
5. Пастор Малдонадо Лотус 1:27.338 + 2.964 60
6. Ник Јелоли Форс Индија 1:27.396 + 3.022 109
7. Пјер Газли Торо Росо 1:27.639 + 3.265 131
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:27.911 + 3.537 54
9. Оливер Тарви Мекларен 1:28.542 + 4.168 68