Луис Хамилтон започнува нова ера на владеење во Формула 1!!!
Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на втората тренинг сесија во Барселона. И покрај двете грешки при својот најбрз круг, Британецот беше 0,408 секунди побрз од Себастијан Ветел, кој го имаше второто најбрзо време на денот. Нико Розберг како по обичај, не е на потребното ниво и како буквално да ја применува најавената тактика - Не ми е гајле за ништо. Вториот тренинг потврди дека имаме минимални шанси за некој да го победи Хамилтон на утрешните квалификации за Големата Награда на Шпанија.
Надежите за подобрување на останатите Ф1 тимови остануваат само неисполнета желба на фановите, кои се желни за добри борби за водечката позиција на гридот. Ферари повторно е тимот кој се издвојува како втор најбрз тим во поредокот. Аеро надградбите не ги донесоа очекуваните придобивки, барем на денешните тренинг сесии, па останува да чекаме на Канада кога ќе ја донесат и помоќната Ферари ПЕ. Во меѓувреме во Монте Карло се е возможно.
Мекларен е тимот кој полека се подобрува, но имаат уште многу работа. Џенсон Батон во најбрзите 10 болиди на втората тренинг сесија, додека Фернандо Алонсо го имаше 11-тото најбрзо време. Заостанувањето на Розберг е заслуга и на неможноста за нормално шалтање на брзините при свиоците. Количината на гориво во болидите има голем ефект врз времиња во Барселона, што можеби ни ги објаснува големите разлики и варијации на денешните тренинзи. Според Пирели, секои 10 килограми на гориво претставуваат добивка од 0.350 десетинки по круг.
Утрешниот слободен тренинг започнува во 11:00, а потоа следуваат Квалификациите во 14:00 часот, а директниот пренос може да го гледате на Македонската Телевизија.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.852 26
2. Себастијан Ветел Ферари 1:27.260 + 0.408 37
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:27.616 + 0.764 35
4. Кими Раиконен Ферари 1:27.780 + 0.928 36
5. Дањил Квјат Ред Бул 1:27.943 + 1.091 25
6. Макс Фестапен Торо Росо 1:28.017 + 1.165 32
7. Џенсон Батон Мекларен 1:28.494 + 1.642 31
8. Валтери Ботас Вилијамс 1:28.525 + 1.673 39
9. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:28.674 + 1.822 31
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:28.712 + 1.860 36
11. Фернандо Алонсо Мекларен 1:28.723 + 1.871 28
12. Ромен Грожан Лотус 1:29.086 + 2.234 14
13. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:29.098 + 2.246 4
14. Пастор Малдонадо Лотус 1:29.217 + 2.365 34
15. Фелипе Наср Заубер 1:29.333 + 2.481 37
16. Маркус Ериксон Заубер 1:29.361 + 2.509 34
17. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:29.601 + 2.749 38
18. Серџо Перез Форс Индија 1:29.707 + 2.855 35
19. Вил Стивенс Манор 1:31.929 + 5.077 30
20. Роберто Мери Манор 1:32.751 + 5.899 23
2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:25.524