Мекларен со нови бои, но старо темпо...
Нико Розберг го забележа најбрзото време на првата тренинг сесија за Шпанското ГП. Тој беше 0,070 секунди побрз од својот тимски колега, Луис Хамилтон и речиси секунда пред болидите на Ферари. Многу се очекуваше од Ферари, но разликата како да се зголеми, наместо да се намали. Барем тоа го покажа првиот слободен тренинг, тренд кој се надеваме дека нема да продолжи во остатокот од тркачиот викенд. За доброто на Ф1 Шампионатот, бидејќи ни надградбите на останатите тимови не се покажаа баш најдобро, особено тие на Ред Бул.Видовме три промени на возачи за оваа прва сесија, Џолион Палмер го замени Роман Грожан на Лотус, Рафаеле Марсело го презема Зауберот на Маркус Ериксон, и Сузи Волф го возеше болидот на Валтери Ботас во Вилијамс. Еден од тимовите кои имаа добар резултат е Торо Росо, со Саинц на петтата и Ферстапен на шестата позиција на табелата. Иронично тоа е тимот кој не најави некои големи надградби. Џенсон Батон незадоволен од балансот на наградениот МП4/30 со новото предно крило.
Вториот слободен трениг започнува во 14:00 часот, кој се надеваме дека ќе покаже многу повеќе за надградените болиди на повеќето тимови.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:26.828 28
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:26.898 + 0.070 27
3. Себастијан Ветел Ферари 1:27.806 + 0.978 21
4. Кими Раиконен Ферари 1:27.832 + 1.004 16
5. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:28.132 + 1.304 27
6. Макс Ферстапен Торо Росо 1:28.529 + 1.701 23
7. Дањил Квјат Ред Бул 1:28.785 + 1.957 7
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:28.831 + 2.003 21
9. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:29.075 + 2.247 9
10. Фелипе Наср Заубер 1:29.140 + 2.312 14
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:29.409 + 2.581 20
12. Рафаеле Марчело Заубер 1:29.630 + 2.802 15
13. Џолион Палмер Лотус 1:29.676 + 2.848 21
14. Сузи Волф Вилијамс 1:29.708 + 2.880 22
15. Фернандо Алонсо Мекларен 1:29.813 + 2.985 22
16. Џенсон Батон Мекларен 1:29.817 + 2.989 22
17. Серџо Перез Форс Индија 1:30.096 + 3.268 19
18. Пастор Малдонадо Лотус 1:30.110 + 3.282 7
19. Вил Стивенс Манор 1:32.471 + 5.643 22
20. Роберто Мери Манор 1:32.647 + 5.819 20
* 2014 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27.023