Луис Хамилтон и Нико Розберг доминираа, стандардно Британецот за половина секунда побрз од тимскиот колега, далеку пред останатите возачи. Роман Грожан го забележа третото најбрзо време, со заостанување од 1.5 секунда. Кога ќе се погледне табелата, забележуваме дека Мерцедес придвижуваните болиди доминираа на првата тренинг сесија на патеката Жил Вилнев, која се карактеризира со три долги правци. Четири од петте најбрзи болиди имаат Мерцедес ПЕ. Дури и болидот на Форс Индија беше пред Себастијан Ветел, кој со Ферари беше единствениот кој се замеша во Топ 5 пласманот.
Како и секогаш кога патеката е свежа, повеќето од возачите имаа свои моменти, кога не можеа да го исконтролираат својот болид. Тоа особено беше изразено при влез во финалниот свиок. Втората 90-минутна сесија започнува во 20:00 часот по македонско време, на која метеоролозите предвидуваат врнежи од дожд.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:16.212 34
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:16.627 + 0.415 38
3. Роман Грожан Лотус 1:17.721 + 1.509 35
4. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:17.871 + 1.659 34
5. Себастијан Ветел Ферари 1:17.905 + 1.693 25
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:17.985 + 1.773 28
7. Дањил Квјат Ред Бул 1:18.021 + 1.809 30
8. Пастор Малдонадо Лотус 1:18.026 + 1.814 41
9. Фернандо Алонсо Мекларен 1:18.128 + 1.916 34
10. Макс Ферстапен Торо Росо 1:18.257 + 2.045 24
11. Валтери Ботас Вилијамс 1:18.325 + 2.113 40
12. Кими Раиконен Ферари 1:18.439 + 2.227 26
13. Серџо Перез Форс Индија 1:18.503 + 2.291 28
14. Даниел Рикардо Ред Бул 1:18.775 + 2.563 24
15. Џенсон Батон Мекларен 1:18.786 + 2.574 25
16. Фелипе Наср Заубер 1:18.948 + 2.736 30
17. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:19.065 + 2.853 23
18. Маркус Ериксон Заубер 1:19.165 + 2.953 32
19. Роберто Мери Манор 1:20.616 + 4.404 33
20. Вил Стивенс Манор 1:20.624 + 4.412 27
* 2014: Фернандо Алонсо - Ферари - 1:17.238