Дождот започна да паѓа по само поминати 40 минути, време кога сите возачи се вратија во своите гаражи. Единствено Мерцедес АМГ одлучи да ги врати Хамилтон и неговиот тимски колега Розберг на патеката со интермедиа гумите на Пирели. Како да сакаа да покажат дека никој ништо не им може и ако врне дожд на трката. Но, како што обично следува кога ќе ги прецениш своите можности тоа ти се враќа како бумеранг. Тоа се покажа како голема грешка, бидејќи Хамилтон, изгуби контрола и "пливајќи" заврши во бариерите од гуми покрај патеката, оштетувајќи го предниот дел на својот болид. Тоа значеше и крај на било каква понатамошна акција на патеката.
Пред да започне дождот, сите возачи поставија брзи круга на супер-меките гуми на Пирели, а потоа секој тим продолжи со својата планирана, но изменета програма за тестирање. Во Ферари, Кими Раиконен ги тестирше меките, а Себастијан Ветел супер-меките гуми. Спротивно на тоа, дуото на Мерцедес АМГ остана на супер-меки гуми. Од Ферари повторно се надеваат дека нивното тркачко темпо е добро и доколку би можеле да останат во ДРС-зоната зад Сребрените стрели се може да се случи. Сепак ова патека многу забележително ги фаворизира болидите со Мерцедес ПЕ, од кои најголеми добитници се Лотусите со Пастор Малдонадо на импресивната 5-тата и Роман Грожан на 7-та позиција на табелата. Лоши постигнувања за Мекларен, Фернандо Алонсо со 15-тото и Џенсон Батон со 18-тото најбрзо време.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:15.988 22
2. Себастијан Ветел Ферари 1:16.304 + 0.316 19
3. Кими Раиконен Ферари 1:16.310 + 0.322 20
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:16.440 + 0.452 22
5. Пастор Малдонадо Лотус 1:16.600 + 0.612 15
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:16.849 + 0.861 18
7. Роман Грожан Лотус 1:16.864 + 0.876 15
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:17.041 + 1.053 19
9. Дањил Квјат Ред Бул 1:17.092 + 1.104 10
10. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:17.111 + 1.123 16
11. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:17.120 + 1.132 15
12. Маркус Ериксон Заубер 1:17.261 + 1.273 17
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:17.318 + 1.330 23
14. Серџо Перез Форс Индија 1:17.367 + 1.379 20
15. Фернандо Алонсо Мекларен 1:17.627 + 1.639 21
16. Макс Ферстапен Торо Росо 1:17.657 + 1.669 23
17. Фелипе Наср Заубер 1:17.751 + 1.763 21
18. Џенсон Батон Мекларен 1:18.135 + 2.147 20
19. Роберто Мери Манор 1:19.531 + 3.543 15
20. Вил Стивенс Манор 1:19.734 + 3.746 13
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:16.118