Денешната трка беше решена уште по првиот свиок, кога Нико Розберг успеа да го помине Луис Хамилтон за водечката позиција. Тоа беше и највозбудливиот дел од целата трка, плус Кими Раиконен, кој стартуваше 14-ти, имаше инцидент со забрзаниот Фернандо Алонсо, кој стартуваше 19-ти за Мекларен. Судирот ги лансираше двата болида во бариерите, еден над друг. Добро беше што двајцата возачи излегоа неповредени.
Веднаш беше распоредено безбедносното возило за да бидат расчистени двата болиди и многуте делови од нивната шасија. Дањил Квјат со Ред Бул, кој имаше оштетено предно крило во борбата за што подобра позиција на стартот го искористи овој период за влез во боксот по нов нос, без поголеми последици по неговата трка, плус ги замени супер-меките со меки гуми на Пирели.
Трката беше рестартирана во седмиот круг. Розберг го задржа првото место пред својот тимски колега, со Ветел на третото место, пред Маса, Хулкенберг, Ферстапен и Ботас. По несреќата на Алонсо, фрустрирачкиот викенд за тимот на Мекларен беше завршен во 9-от круг, кога од Батон беше побарано да се повлече од трката и да го врати болдиот назад во гаражата.
Да ја забележиме и казната што Маркус Ериксон ја заработи поради предвремен старт. Набрзо трката за Победа стана битка помеѓу двата возачи на Мерцедес АМГ. По 16 круга тимските колеги беа во растојание од 1.7 секунди, додека Себастијан Ветел не можеше да го следи нивното темпо и почна да заостанува со повеќе од седум секунди разлика.
Роман Грожан беше првиот што повлече нога за промена на гуми во 23 круг. На водечкиот во трката Нико Розберг, му требаа уште 10 круга за да се реши на промена на своите гуми. Хамилтон следуваше еден круг подоцна, но повторно се врати зад својот тимски колега. Дека на оваа трка на Хамилтон ништо не му поаѓаше од рака сведочи и бизарната казна од пет секунди (која ако болидот до крај на трката не застране во бокс, му се додава на вкупното време по завршување на трката) за преминување преку белата линија на излез на боксевите.
При првата и единствена замена на гуми, дебаклот на Ферари беше потврден, кога Ветел имаше проблематичен пит-стоп од 14-тина секунди. Задното десно тркало со сила беше намонтирано на неговиот болид, поради проблем со пневматскиот пиштол. Тоа го чинеше Германецот пласман на Подиумот, кој му го предаде на Фелипе Маса. До крајот на трката од Ферари настојуваа да му се доближат на Бразилецот на доволно растојание за Ветел да проба напад, но Вилијамсот беше непогрешлив.
Зад нив, Ботас заврши на 5-то место пред Нико Хулкенберг, Победникот од 24 Ле Ман, на 6-тото место. Во последните моменти Малдонадо го помина Ферстапен за 7-то место, додека Перез се одбрани пред Даниел Рикиардо кој го заокружи пласманот на освојувачи на поени.
Со оваа Победа Нико Розберг ја намали својата негатива на 10 поени зад неговиот тимски колега на првото место од генералниот пласман на возачи. Следната трка од 2015 Формула 1 Шампионатот се вози за две недели, 3-5 Јули, на патеката Силверстоун, Англија.
Голема Награда на Австрија, Ред Бул Ринг
71 круга, 307.146км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч36:07.000
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 3.800
3. Фелипе Маса Вилијамс + 17.573
4. Себастијан Ветел Ферари + 18.181
5. Валтери Ботас Вилијамс + 53.604
6. Нико Хулкенберг Форс Индија + 1:04.075
7. Пастор Малдонадо Лотус + 1 круг
8. Макс Ферстапен Торо Росо + 1 круг
9. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
10. Даниел Рикиардо Ред Бул + 1 круг
11. Фелипе Наср Заубер + 1 круг
12. Дањил Квјат Ред Бул + 1 круг
13. Маркус Ериксон Заубер + 2 круга
14. Роберто Мери Манор + 3 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:12.142
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Роман Грожан Лотус 38
Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 37
Џенсон Батон Мекларен 9
Вил Стивенс Манор 2
Фернандо Алонсо Мекларен 1
Кими Раиконен Ферари 1
Генерален пласман по 8 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Л.Хамилтон 169 1. Мерцедес АМГ 328
2. Н.Розберг 159 2. Ферари 192
3. С.Ветел 120 3. Вилијамс 129
4. К.Раиконен 72 4. Ред Бул 55
5. В.Ботас 67 5. Форс Индија 31
6. Ф.Маса 62 6. Лотус 29
7. Д.Рикардо 36 7. Заубер 21
8. Д.Квјат 19 8. Торо Росо 19
9. Н.Хулкенберг 18 9. Мекларен 4
10. Р.Грожан 17
11. Ф.Наср 16
12. С.Перез 13
13. П.Малдонадо 12
14. М.Ферстапен 10
15. К.Саинц ЈР. 9
16. М.Ериксон 5
17. Џ.Батон 4