Најпопуларен Ф1 тим и возач меѓу фановите!!! Очекувано?
Асоцијацијата на Ф1 возачи неодамна од 22 Мај до 8 Јуни спроведе анкета со која ги охрабри Ф1 фановите да ги искажат своите видувања околу минатото, сегашноста и иднината на овој врвен мотоспорт. Денес беа објавени резултатите од оваа анкета на која учество зеле 217.756 фанови од 194 земји, а најмногубројни биле фановите од Велика Британија, Франција, САД, Австрија, Германија, Холандија, Австралија, Јапонија, Италија, Бразил.
СТРУКТУРА НА Ф1 ФАНОВИТЕ:
- Повеќе од половината се на возраст од 25 до 44 години, со просечна возраст од 37 години;
- 3/4 од нив имаат стаж од над 10 години како Ф1 фанови;
- На 1/4 од нив Ф1 им е омилен спорт и го следат во детали;
- После Ф1, најчесто го следат WEC Шампионатот;
- Еден од пет биле на трка во последните 12 месеци;
- Присуството најмногу е мотивирано од добар место за следење на трката, прошетки низ боксевите и тури низ падок реоните;
- Повеќе од половината гледаат најмалку 12 трки во сезона;
- Идеално време за старт на трката е во недела помеѓу 12:00 и 15:00 часот;
- 3/4 од фановите ја гледаат целата трка од почеток до крај.
КАДЕ СЕ ГЛЕДА Ф1:
- 90% низ пренос во живо на Free-to-Air Телевизија;
- 45% гледаат на интернет;
- 30% на платeни on-demand платформи.
- Ф1 има 50% помала гледаност од преселување на Трките на платените ТВ платформи;
- Твитер е најпопуларната социјална платформа за следње на Ф1;
- Вебсајтовите за Ф1 се број 1 место каде фановите ги добиваат информациите поврзани со овој мотоспорт;
КАКО Ф1 ФАНОВИТЕ ЈА ОПИШУВААТ ФОРМУЛА 1
2015 - СКАПА, ТЕХНОЛОШКА, ДОСАДНА;
2010 - ТЕХНОЛОШКА, КОНКУРЕТНА, ВОЗБУДЛИВА
Ф1 фановите веруваат дека структура на тркачките викенди е добро поставена, но потребни се неколку мали промени. Популарноста на Шампионатот дефинитивно може да се подобри, потребно е да се привлечат нови фанови, но и да се задржат постојните навивачи кои се на работ да се приклонат кон други спортови. Ова се должи делумно на промените во договорите за телевизиските права и зголемување на перцепцијата дека во Формула 1 доминираат бизнис интересите на тимовите.
ШТО Е НАЈВАЖНО ЗА ФАНОВИТЕ:
74% - Формула 1 правилата не треба да бидат толку ригорозни за да се овозможи поголема разновидност на болиди и технологија;
73% - Звукот на Формула 1 моторите е важен;
72% - Нивната моќност да биде што поголема;
68% - Трошоците на тимовите се превисоки и се пречка за добра иднина на Формула 1;
59% - Големината и видот на Формула 1 моторите.
ШТО БИ САКАЛЕ ДА СЕ ПРОМЕНИ ВО Ф1:
80% - Треба да има повеќе од еден доставувач на гуми;
60% - Повторно да се воведе дополнување на гориво во текот на трката;
54% - Мора да се воведе ограничен и контролиран тимски буџет;
51% - Да се доделуваат поени за најбрз круг;
44% - Тимови да може да купуваат и употребуваат фабрички болиди;
38% - Да се доделуваат поени за Квалификациската сесија.
Во Ф1 треба да учествуваат најдобрите возачи, кои треба да преземат иницијатива и заедно со фановите да го ревитализираат спортот. Потребни се технички и спортски промени за подобрување на спектаклот и привлечноста на Ф1. Клучните области за промени во краток рок се звукот и моќноста Ф1 моторите. Да се стави поголем акцент на возачките вештини, враќање на долевањето на гориво и конкуренција кај доставувачите на гуми. Исто така, постои желба да поголема конкуренција преку релаксирање на техничките прописи и спроведувањето на ограничени тимски буџети.
ШТО ПОСАКУВАТЕ ОД ВОЗАЧИТЕ:
86% - Да бидат поотворени и искрени со фановите;
83% - Да помогаат во унапредување на безбедноста во Ф1;
78% - Да имаат активна улога во дефинирање и спроведување на регулативата и спортските промени во Ф1;
78% - Да ја промовираат Формула 1 и да допринесат за подобрување на нејзината глобална репутација;
75% - Активно да работат за доближување на фановите поблиску до Формула 1.
НАЈПОПУЛАРЕН Ф1 ВОЗАЧ НА СИТЕ ВРЕМИЊА:
1. АИРТОН СЕНА;
2. МИХАЕЛ ШУМАХЕР;
3. АЛАН ПРОСТ;
НАЈУБАВИТЕ Ф1 БОЛИДИ ДОАЃААТ ОД 2000-ТЕ ГОДИНИ!!!