Дањил Квјат е првиот возач на кој се применува казна. На болидот од младиот Руски возач е заменет моторот, кој е дел од Погонската единица. Бидејќи тоа е 5-ти мотор кој се користи оваа сезона, кога се дозволени само четири, Квјат автоматски е казнет со десет стартни места поназад во согласност со член 28.4c од Спортските правила. Од Ред Бул сами го известиле техничкиот делегат за оваа промена уште во понеделникот 15 јуни.
Квјат се квалификуваше на 8-та позиција. Тоа значи дека неговата казна може да се примени во целост, без понатамошни казни во трката. Наместо 18-ти, тој ќе стартува од 15-тата позиција, бидејќи следеа уште три други возачи со казни по неговата.
На болдиот од Даниел Рикиардо е променет моторот, кој и за него е 5-ти користен во оваа сезона. Следува автомаска казна од 10 стартни места поназад, исто така, во согласност со член 28.4c од Спортските правила. Од Ред Бул сами го известиле техничкиот делегат за оваа промена уште во понеделникот 15 јуни.
Рикиардо се квалификуваше на 14-тата позиција. Ова значи дека не може да му се примени целосната казна. Тој ќе заработи казна од 5 секунди време кое ќе биде додадено по завршувањето на неделната трка. Тој ќе стартува од 18-тата позиција, поради казните на уште два возачи после него. UPDATE: 5 ќе се применат при застанување во бокс за промена на гуми!!!
Фернандо Алонсо заработи 4 казни со вкупно 25 стартни места поназад. Тоа се:
- Променет 5-ти мотор (10 стартни места);
- Променет 5-ти турбокомпресор (5 стартни места);
- Променет 5-ти генератор на енергија од издувните гасови (5 стартни места);
- Нов менувач (5 стартни места).
Новиот менувач е ставен по саботниот тренинг, одкако болидот на Алонсо застана на патеката, предизвикувајќи црвени знамиња.
Алонсо се квалификуваше на 15-тата позиција. Ова значи дека и кај него не може да се примени целосната казна. Како резултат на тоа, тој има дополнителна казна од возење низ боксевите, која треба да ја испочитува во првите 3 круга од трката. Ќе стартува од 19-тата позиција, бидејќи после него казна заработи и Џенсон Батон.
Џенсон Батон, исто така, заработи 4 казни со вкупно 25 стартни места поназад. Тоа се:
- Променет 6-ти турбокомпресор (5 стартни места);
- Променет 6-ти мотор (10 стартни места);
- Променет 6-ти генератор на енергија од издувните гасови (5 стартни места);
- Променет 5-ти генератор на енергија од сопирачките (5 стартни места).
Промените на генераторот на енергија од издувните гасови, моторот и турбокомпресорот беа претходно испланирани, за што тимот на Мекларен го информирал техничкиот делегат на 16-ти Јуни, во вторникот. Генератор на енергија од сопирачките беше заменет во петокот вечерта, по што следуваше нова казна.
Батон се квалификуваше на 17-тата позиција. Ова значи дека не може да се примени целосната казна. Како резултат на тоа, тој има дополнителна казна од возење низ боксевите, која треба да ја испочитува во првите 3 круга од трката. Ќе стартува од последната 20-та позиција. UPDATE: Плус 10 секунди застанување во бокс!!!
2015 АВСТРИЈА ГП - СТАРТЕН РЕДОСЛЕД
П. ВОЗАЧ ТИМ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ
3. Себастијан Ветел Ферари
4. Фелипе Маса Вилијамс
5. Нико Хулкенберг Форс Индија
6. Валтери Ботас Вилијамс
7. Макс Ферстапен Торо Росо
8. Фелипе Наср Заубер
9. Роман Грожан Лотус
10. Пастор Малдонадо Лотус
11. Маркус Ериксон Заубер
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо
13. Серџо Перез Форс Индија
14. Кими Раиконен Ферари
15. Дањил Квјат Ред Бул
16. Роберто Мери Манор
17. Вил Стивенс Манор
18. Даниел Рикиардо Ред Бул
19. Фернандо Алонсо Мекларен
20. Џенсон Батон Мекларен