ФЕСТИВАЛИ И СПЕЦИЈАЛНИ НАСТАНИ
На сајтот Budapest by Locals има листа на настаните што тековно се одржуваат, разгледајте да видите дали има нешто по ваш вкус што би го посетиле за време на тркачкиот викенд од 24-26 Јули.
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ГРАДОТ СО АВТОБУС
Неколку компании организираат автобуски тури низ градот. Со оглед на краткиот период ова е еден од подобрите начините да се истражи Будимпешта, без да ги пропуштите најдобрите места. Автобусите застануваат кај главната Метро станица.
Предлози:
Big Bus Budapest
Цена - 7000 форинти (23 евра) за дводневно користење, имате дигитален водич на 23 јазици, бесплатно 90 минутно крстарење по Дунав и бесплатна ноќна тура.
Giraffe Hop On Hop Off City Tour
Цена - 5000 форинти (16.50 евра), исто така, вклучува право на дводневно користење, бесплатно дневно или ноќно крстарење по Дунав и бесплатен WiFi на автобусите. 20% попуст со Budapest Card.
КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ
Има безброј бродови кои нудат тури по Дунав, повеќето од нив стартна точка им е центарот на градот, од двете страни на реката. Препорачуваме ноќно крстарење со вечера како одмор по долг ден на патеката.
ТЕРМАЛНИ БАЊИ
Нити едно патување во Будимпешта не е комплетно без посета на некоја од термални бањи по кои градот е познат. Бањите, датиртаат од периодот кога Унгарија беше дел од Отоманската империја. Ако имате време за само една посета, одете на Széchenyi, најголемата бања во Европа. Бањите се наоѓа во Градскиот парк, во близина на Зоолошката градина и плоштадот на Хероите. Перфектен начин да се заврши престојот во Будимпешта, по повеќедневното “трчање” по градот и патеката. Бањите се отворени од 6:00-22:00 часот секој ден од неделата.
ХРАНА И ПИЈАЛОК
Нема да останете гладни во Будимпешта. Има голем избор од традиционални унгарски ресторани специјализирани за далеку познатиот гулаш и други локални јадења, до широк спектар на Западно-Европски и Азиски кујни. Цените последните години се во покачување, но во споредба со останатиот дел од Западна Европа се уште е поевтино. Според наши услови секако е поскапо. Постојат добри ресторани, барови и одличен ноќен живот во целиот град. Повеќе информации за ресторани во Будимпешта, вклучувајќи и непристрасни коментари, КЛИК.