Според реномираниот Британски мотоспорт магазин Аутоспорт, Рено е подготвен да се врати како фабрички тим во Формула 1 Шампионатот, преку купување на мнозинскиот пакет акции во Лотус Ф1, трансакција која треба да биде финализирана наредната недела.
Според истиот извор Францускиот производител на автомобили ќе преземе удел од 65 проценти, во вкупна вредност од 65 милиони фунти, вредност која ќе биде исплатена на рати во следните 10 години.
Жерард Лопез, еден од сегашните косопственици на Лотус Ф1 тимот, преку својата компанија Гении, се чини дека ќе остане како акционер со потенцијал удел од околу 25 проценти, додека Алан Прост, четирикратниот Ф1 шампион и Амбасадор на Рено ќе ги има преостанатите 10 отсто акции.
Рено преговара за целосно спонзорство на овој тим, на чело со извршниот директор Карлос Госн и се најавува одредување на буџет на исто ниво со Мерцедес АМГ и Ред Бул.
Една од ретките области кои дополнително треба да бидат утврдени е возачката постава, но Роман Грожан и Пастор Малдонадо имаат договори со Лотус и за следната година.
Рено се очекува да го продолжи договорот со Французинот Роман Грожан, додека шпекулациите се дека со Малдонадо се водат преговори, во кои е вклучен и неговиот спонзор PDVSA, за продолжување на неговиот престој во тимот.
Еден од решавачките фактори што од Рено го одбрале Лотус Ф1 е што им е добро позната нивната база во Енстоун. Повеќето објекти од нивната фабрика се само неколку години стари и се во многу добра состојба.
Иако Рено, преку Прост, исто така, одржале прелиминарни разговори и со Форс Индија за потенцијална соработка, релативниот недостаток на капацитети на овој тим со база во Силверстоун е голем минус во преговорите.
Од Рено немаат желба купат Ф1 тим без инфраструктура зад него, иако Форс Индија, сепак останува како опција ако акционерите на Лотус се повлечат од договорот во последен момент.
На крај се доаѓа и до сегашните договори на Рено со Ред Бул и Торо Росо, а според шпекулациите постојат три решенија на овој проблем.
Првото е да се испочитуваат овие договори заедно со својот тим. Тоа би донело дополнителни приходи за нив, но договор со Ред Бул има клаузила на приоритет пред сите останати.
Друга можност за Рено е да се искористи соработката со Мерцедес кај автомобилите за да ги задржи сегашните Мерцедес ПЕ уште една година, додека ги исполнат договорите со Ред Бул и Торо Росо.
На крај, би можеле да се фокусираат целосно на сопствената програма, а врските со Мерцедес да ги искористат за ублажување состојбата со Ред Бул, т.е. би му помогнале на Австрискиот тим да најде нов снабдувач со ПЕ.
Со планираната финансиска конструкција за преземање на Лотус Ф1, Францускиот производител се обврзува на долгорочна посветеност од минимум 10 годишно присуство во Формула 1.
Следната 2016 Сезона ќе биде период на адаптација, а 2017 ќе биде годината кога се надеваат дека би биле рамноправен ривал на Мерцедес и Ферари.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.

