Многу драматика се очекуваше со новите правила за старт на трката, но единствено Нико Розберг успеа да биде голем губитник. По лошиот старт од втората позиција веднаш се најде на 5-тото место по првиот свиок, додека неговиот тимски колега го задржа водството и започна да билда предност пред сите останати болиди. Серџо Перез и Даниел Рикардо се најдоа на второ и трето место пред Вилијамсот на Валтери Ботас. На Нико Розберг му требаше само малку време да го престигне Ботас за четвртото место. Себастијан Ветел со Ферари имаше исто така добар старт и стигна до шестото место.
Кога трката се стабилизираше немаше некоја акција на патеката, а се се одлучуваше низ пит-стоповите. По првата рунда Хамилтон повторно со уште поголема предност на првото место пред Перез, Рикардо, Розберг кој се приближи на шест секунди до Британецот. Валтери Ботас беше еден од најголемите губитници во оваа прва рунда, кога неговите механичати успеаа да монтираат различни смеши од гумите на Пирели, по што следеше казна од возење низ боксевите.
Наскоро Ред Булот на Рикардо откажа и мораше да се повлече од асфалтот, при што беше распоредено Виртуелното безбедносното возило. Голем број на возачи избраа да влезат во боксевите по нови гуми, вклучувајќи ги Грожан, Маса, Раиконен, Перез и Ферстапен. Возачите на Мерцедес АМГ, Луис Хамилтон и Нико Розберг и Себастијан Ветел избраа да останат на патеката, со што ја формираа водечката тројка.
Повторно следи мирен период без поголеми случувања на патеката, а кога возачите на Сребрените стрели направија доволна предност влегоа по нови гуми, за разлика од Ветел, кој немаше доволна предност за да го зачува пласманот на подиумот. Од Италијанскиот тим решија да ризикуваат со истите гуми до самиот крај, но нивните надежи се распаднаа за време на 42-от круг, кога експлодираше десната задна гума. Тоа го искористи Роман Грожан за да стигне до последното скалило на попдиумот. Квјат заврши на одличното 4-то место пред Серџо Перез и Фелипе Маса. Кими Раиконен беше седми пред Ферстапен и Ботас, а последниот поен му припадна на Маркус Ериксон од Заубер.
Голема Награда на Белгија, СПА-Франкоршамп
44 круга, 308.052км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч23:40.387
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 2.058
3. Роман Грожан Лотус + 37.988
4. Данил Квјат Ред Бул + 45.692
5. Серџо Перез Форс Индија + 53.997
6. Фелипе Маса Вилијамс + 55.283
7. Кими Раиконен Ферари + 55.703
8. Макс Ферстапен Торо Росо + 56.076
9. Валтери Ботас Вилијамс + 1:01.040
10. Маркус Ериксон Заубер + 1:31.234
11. Фелипе Наср Заубер + 1:42.311
12. Себастијан Ветел Ферари + 1 круг
13. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
14. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
15. Роберто Мери Манор + 1 круг
16. Вил Стивенс Манор + 1 круг
2014. Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1ч24:36.556
НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:52.416
БЕЗ ПЛАСМАН:
Карлос Саинц ЈР Торо Росо 33
Даниел Рикардо Ред Бул 20
Пастор Малдонадо Лотус 3
Нико Хулкенберг Форс Индија 0
Генерален пласман по 11 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис ХамилтонН 227 1. Мерцедес АМГ 426
2. Нико Розберг 199 2. Ферари 242
3. Себастијан Ветел 160 3. Вилијамс 161
4. Кими Раиконен 82 4. Ред Бул 108
5. Фелипе Маса 82 5. Лотус 50
6. Валтери Ботас 79 6. Форс Индија 49
7. Дањил Квјат 57 7. Торо Росо 35
8. Даниел Рикиардо 51 8. Заубер 23
9. Роман Грожан 38 9. Мекларен 17
10. Макс Ферстапен 26
11. Серџо Перез 25
12. Нико Хулкенберг 24
13. Фелипе Наср 16
14. Пастор Малдонадо 12
15. Фернандо Алонсо 11
16. Карлос Саинц ЈР. 9
17. Маркус Ериксон 7
18. Џенсон Батон 6

