Инцидентот на Розберг го предизвика првото црвено знаме на попладневната сесија, за да кратко време по рестартот да биде повторно покажано кога Маркус Ериксон излета од патеката и се судри во бариерите, оштетувајќи го својот Заубер.
Ред Бул повторно се покажува како најблизок предизвикувач на Мерцедес АМГ, но реално со големо заостанување зад најбрзото време, но со двата болиди пред Италијанскиот тим. Како по обичај Кими Раиконен има добри резултати на оваа патека, и беше подобриот од двата возачи на Ферари.
Вилијамс, никако да го покаже своето вистинско темпо на петочните тренинзи, па не е изненадување нивниот пласман на 14-тата и 16-тата позиција на табелата. Помеѓу нив се најде Пастор Малдонадо, чии механичари завршија одлична и брза поправка на неговиот болид по неговиот инцидент од првиот тренинг.
Џенсон Батон и Фернандо Алонсо од Мекларен кои трката ќе ја започнат од последниот дел на стартниот редослед поради казните за искористена 7-ма ПЕ во една сезона, не се покажаа во најдобро светло и беа побрзи само од болидите на Манор
Тимот на Лотус се најде во неочекувани правни проблеми откако Чарлс Пик, нивниот поранешен резервен возач, реши да ги тужи бидејќи не му обезбедиле доволен број денови зад воланот на минатогодишниот болид. Тоа би можело да резултира со тоа што нивните болиди не би добиле дозвола да ја напуштат патеката по завршување на тркачкиот викенд.
Саботниот тренинг започнува утре во 11:00 MK, додека Квалификациите се во стандардниот термин од 14:00 часот. Крајниот рок за вашите прогнози од наградната игра, МкFormula1 - Најдобар МК прогнозер, е 13:00 часот, затоа побрзајте!!! Формулар за прогноза.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ

П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:49.385 19
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:49.687 + 0.302 23
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:50.136 + 0.751 15
4. Дањил Квјат Ред Бул 1:50.399 + 1.014 18
5. Кими Раиконен Ферари 1:50.461 + 1.076 23
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:50.461 + 1.076 21
7. Роман Грожан Лотус 1:50.489 + 1.104 21
8. Маркус Ериксон Заубер 1:50.709 + 1.324 18
9. Фелипе Наср Заубер 1:50.928 + 1.543 24
10. Себастијан Ветел Ферари 1:50.940 + 1.555 23
11. Серџо Перез Форс Индија 1:50.971 + 1.586 21
12. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:51.037 + 1.652 24
13. Макс Ферстапен Торо Росо 1:51.117 + 1.732 25
14. Валтери Ботас Вилијамс 1:51.250 + 1.865 25
15. Пастор Малдонадо Лотус 1:51.317 + 1.932 16
16. Фелипе Маса Вилијамс 1:51.588 + 2.203 26
17. Џенсон Батон Мекларен 1:51.854 + 2.469 16
18. Фернандо Алонсо Мекларен 1:52.570 + 3.185 14
19. Вил Стивенс Манор 1:54.065 + 4.680 17
20. Роберто Мери Манор 1:54.253 + 4.868 14
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:49.189