"Рестартот" на сезоната предизвика и раздвижување на пазарот на возачи, Ферари и официјално потврди дека следната сезона ќе ја започне со истиот пар на возачи, Себастијан Ветел и Кими Раиконен. Едноставно Вилијамс барал премногу пари за да го ослободи Валтери Ботас, кој веќе е во преговори за продолжување на договорот со Вилијамс.
Новиот тим на ХААС Ф1 кој стартува од следната сезона моментално преговара со 10 Ф1 возачи, а како најголема шанса да добијат место се споменуваат Нико Хулкенберг и Естебан Гутиерез.
Пирели како и минатата година ги донесе меките и медиум смеши за кои верува дека ќе се справат со огромните оптоварувања на гумите, кои се единствени на СПА и ги нема на нити една друга патека во календарот. Исто така, се очекуваат значителни разлики помеѓу двете смеши од 1,8-2 секунди по круг.
На овој тренинг беа искористени само медиум гумите, па на следниот тренинг ќе видиме дали оваа прогноза е вистинита. Како по обичај за СПА-Франкоршамп се очекуваат нестабилни временски услови со дожд и сонце.
Тренингот помина во очекувана атмосфера, со многу инсталациски кругови и мали излетувања надвор од патеката, единствено Пастор Малдонадо имаше поголем инцидент и предизвика кратко црвено знаме. Лотусот по ударот со бариерите заработи оштетување на предното крило и амортизација. Редоследот го имате во приложената табела.
Вториот слободен тренинг започнува во 14:00 МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ

П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:51.082 19
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:51.324 + 0.242 24
3. Даниел Рикардо Ред Бул 1:51.373 + 0.291 18
4. Кими Раиконен Ферари 1:51.478 + 0.396 23
5. Себастијан Ветел Ферари 1:51.866 + 0.784 21
6. Дањил Квјат Ред Бул 1:51.960 + 0.878 18
7. Макс Ферстапен Торо Росо 1:52.158 + 1.076 27
8. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:52.421 + 1.339 26
9. Серџо Перез Форс Индија 1:52.423 + 1.341 20
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:52.511 + 1.429 19
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:52.539 + 1.457 15
12. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:52.614 + 1.532 20
13. Фелипе Наср Заубер 1:52.640 + 1.558 16
14. Фелипе Маса Вилијамс 1:52.653 + 1.571 22
15. Маркус Ериксон Заубер 1:53.426 + 2.344 16
16. Фернандо Алонсо Мекларен 1:53.502 + 2.420 15
17. Џолион Палмер Лотус 1:53.799 + 2.717 23
18. Џенсон Батон Мекларен 1:54.225 + 3.143 14
19. Вил Стивенс Манор 1:55.501 + 4.419 16
20. Роберто Мери Манор 1:56.086 + 5.004 17
* 2014: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:51.577