Клучниот момент се случи на стартот, кога Сребрените стрели беа тркало до тркало во борба за водечката позиција, од која Германецот излезе со кратки ракави и губење на уште две места поназад. Уште во текот на вчерашниот ден Дањил Квјат ни покажа дека излегување на тревата покрај патеката може да има катастрофални последици, но Розберг изгледа не научил ништо. Со тоа можеби не ускрати да гледаме пожестока борба за првото место. Себастијан Ветел и Ферари не можеа да одговорат на предизвикот нити по перформанси, нити пак со стратегија, но добро е што барем го задржаа последното скалило од Победничкиот Подиум.
Луис Хамилтон со неговата 41-ра Победа во Ф1 кариерата го зголеми водството во генералниот пласман на возачи на 48 бодови предност пред својот тимски колега. Следната рунда ќе се одвива во Русија, трка која е закажана за 11-ти Октомври.
Голема Награда на Јапонија, Сузука
53 круга, 308.965км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1ч28m06.508
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 18.964
3. Себастијан Ветел Ферари + 20.850
4. Кими Раиконен Ферари + 33.768
5. Валтери Ботас Вилијамс + 36.746
6. Нико Хулкенберг Форс Индија + 55.559
7. Роман Грожан Лотус + 1m12.298
8. Пастор Малдонадо Лотус + 1m13.575
9. Макс Ферстапен Торо Росо + 1m35.315
10. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 1 круг
11. Фернандо Алонсо Мекларен + 1 круг
12. Серџо Перез Форс Индија + 1 круг
13. Данил Квјат Ред Бул + 1 круг
14. Маркус Ериксон Заубер + 1 круг
15. Даниел Рикардо Ред Бул + 1 круг
16. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
17. Фелипе Маса Вилијамс + 1 круг
18. Александар Роси Манор + 2 кругa
19. Вил Стивенс Манор + 3 кругa
20. Фелипе Наср Заубер
2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч51:43.021
НАЈБРЗ КРУГ: Луис Хамилтон - 1:36.145
БЕЗ ПЛАСМАН:
сите болиди се со официјален пласман
Генерален пласман по 14 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 277 1. Мерцедес АМГ 506
2. Нико Розберг 229 2. Ферари 337
3. Себастијан Ветел 218 3. Вилијамс 208
4. Кими Раиконен 119 4. Ред Бул 139
5. Валтери Ботас 111 5. Форс Индија 77
6. Фелипе Маса 97 6. Лотус 60
7. Даниел Рикиардо 73 7. Торо Росо 44
8. Дањил Квјат 66 8. Заубер 26
9. Роман Грожан 44 9. Мекларен 17
10. Серџо Перез 39
11. Нико Хулкенберг 38
12. Макс Ферстапен 32
13. Фелипе Наср 17
14. Пастор Малдонадо 16
15. Карлос Саинц ЈР. 12
16. Фернандо Алонсо 11
17. Маркус Ериксон 9
18. Џенсон Батон 6

