Во Ферари бараат спас од небото!!!
На попладневниот тренинг најбрзот круг повторно го имаше Луис Хамилтон, но сега само со 0,021 секунди подобро време од својот тимски колега, Нико Розберг. Она што радува е фактот што Ферари на помеката смеша на Пирели гумите ја намали разликата за половина и сега е за 0,750 секунди зад Британецот. Очекувано, во горниот дел од табелата се пласираа болидите придвижувани од Мерцедес ПЕ, а само Ферари успеа да се пласира во Топ 10 пласманот.
Она што се случуваше на поладневниот тренинг можеме сликовито да го опишеме со радио комуникацијата помеѓу Хулкенберг и неговиот инженер, кој му кажа дека неговото темпо изгледа добро, но, исто така и дека тоа е многу тешко да се оцени во моментов, бидејќи многу од возачите се на различни тест програми.
Џенсон Батон и Дањил Квјат не можеа да се изнавозат на вториот тренинг поради проблеми со болидите. Двајцата возачи на Мекларен и Ред Бул ги очекуваат казни поради промена на делови од погонската единица.
Кога би се обиделе да дадеме некоја прогноза, она што е повеќе од јасно е дека Мерцедес придвижуваните болиди ќе имаат предност пред сите останати, а особено дуото возачи на Сребрените стрели.
Колку толку Ферари ќе се обиде да им парира за пласман на Подиумот. Патеката е исклучително тешка кон сопирачките, па можеби тие ќе бидат еден од одлучувачките фактори на неделната трка.
Кога ќе се земат времињата забележани при подолгите стинтови, Мерцедес АМГ е нешто пред Ферари, но тие се сигурни на првиот стартен ред, а Ферари е слаб со квалификациско темпо, што е голем недостаток.
Утре не очекува Саботниот тренинг во 11:00 СЕТ/МК и Квалификациите кои започнуваат во 14:00 часот.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.279 25
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:24.300 + 0.021 22
3. Себастијан Ветел Ферари 1:25.038 + 0.759 17
4. Серџо Перез Форс Индија 1:25.278 + 0.999 19
5. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:25.325 + 1.046 29
6. Кими Раиконен Ферари 1:25.380 + 1.101 16
7. Роман Грожан Лотус 1:25.497 + 1.218 27
8. Пастор Малдонадо Лотус 1:25.515 + 1.234 22
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.647 + 1.368 25
10. Фелипе Маса Вилијамс 1:25.891 + 1.612 28
11. Фелипе Наср Заубер 1:26.114 + 1.835 21
12. Маркус Ериксон Заубер 1:26.133 + 1.854 29
13. Даниел Рикардо Ред Бул 1:26.222 + 1.943 17
14. Макс Ферстапен Торо Росо 1:26.454 + 2.175 27
15. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:26.641 + 2.362 28
16. Фернандо Алонсо Мекларен 1:26.966 + 2.687 8
17. Вил Стивенс Манор 1:28.201 + 2.922 11
18. Роберто Мери Манор 1:28.439 + 4.160 12
19. Џенсон Батон Мекларен 1:28.471 + 4.192 8
20. Дањил Квјат Ред Бул 1:28.723 + 4.444 12
ПОД ПРОСЕК: Мекларен, Торо Росо, Ред Бул
НАД ПРОСЕК: Мерцедес АМГ, Форс Индија, Лотус
* 2014: Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:26.225

