Пирели, по напорната за нив трка во СПА, повторно остана на меките и медиум смеши како избор и за оваа трка.Разликате помеѓу двете смеши е прогнозирана на 0,8-1 секунда по круг. На овој тренинг беа искористени само медиум гумите, па на следниот тренинг ќе видиме дали оваа прогноза е вистинита.
Тренингот помина без поголеми проблеми, со многу инсталациски кругови и мали излетувања надвор од патеката, единствено Карлос Саинц ЈР. имаше поголем инцидент и предизвика кратко црвено знаме. Поради проблеми со менувачот заврши заглавен во чакалот покрај патеката и пропушти голем дел од утринската сесија.
Редоследот го имате во приложената табела.
Вториот слободен тренинг започнува во 14:00 МК.
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:24.670 25
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.133 + 0.463 22
3. Себастијан Ветел Ферари 1:26.258 + 1.588 17
4. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.612 + 1.942 19
5. Серџо Перез Форс Индија 1:26.730 + 2.060 29
6. Кими Раиконен Ферари 1:26.783 + 2.115 16
7. Даниел Рикардо Ред Бул 1:26.922 + 2.252 27
8. Фелипе Маса Вилијамс 1:26.936 + 2.266 22
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:27.075 + 2.405 25
10. Пастор Малдонадо Лотус 1:27.118 + 2.448 28
11. Фелипе Наср Заубер 1:27.232 + 2.562 21
12. Дањил Квјат Ред Бул 1:27.275 + 2.605 29
13. Маркус Ериксон Заубер 1:27.454 + 3.784 17
14. Макс Ферстапен Торо Росо 1:27.591 + 3.921 27
15. Џолион Палмер Лотус 1:27.669 + 3.999 28
16. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:27.907 + 3.237 8
17. Фернандо Алонсо Мекларен 1:28.023 + 3.353 11
18. Џенсон Батон Мекларен 1:28.423 + 3.753 12
19. Вил Стивенс Манор 1:29.853 + 5.183 22
20. Роберто Мери Манор 1:29.911 + 5.241 12
ПОД ПРОСЕК: Мекларен, Торо Росо
НАД ПРОСЕК: Мерцедес АМГ, Форс Индија
* 2014: Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:26.187

