Берни Еклстоун, во изјава за Асошиетед прес изјави дека Формула 1 е на продажба и дека има дури три потенцијални купувачи.
"Постојат три лица заинтересирани за купување, но прашањето е дали CVC или г-дин Мекензи ќе сака да продаде. Можеби до крајот на овааа година Ф1 ќе има нов сопственик..."
Но, дури и ако на Ф1 се продаде, 84-годишниот Екелстооун не планирате да оди никаде.
"Луѓето со кои што разговарав, сите ме прашаа дали јас ќе останам. Одговорот беше да."
Еклстоун има 5,3 отсто од акциите на Ф1, додека CVC поседува 35,5 отсто, откако стекнувањето на контрола над спортот во 2006 година ги чинеше 2 милијарди долари.
ФОРМУЛА 1 Е НА ПРОДАЖБА?!?
10/07/2015 08:48:00 AM
0
Share to other apps

