Берни Еклстоун активен како никогаш досега, иднината на Формула 1 Шампионатот е пред историски предизвици. Трошоците на еден Ф1 тим достигнаа неверојатни размери, кои никако не може да бидат покриени од правата за ТВ преносите и се помалиот број на спонзори кои се решаваат да го одврзат кесето. Иако вели дека не е загрижен, неговите постапки кажуваат друго. Негативниот публицитет си го зема данокот, а иднината на овој наш омилен мотоспорт секако дека е доведена во прашање.
По капитулацијата на Катерам сезонава имаме 20 болиди на гридот, од кои повеќе од половината се доведени во прашање дали ќе се појават во следната 2016 сезона. Рено никако да се реши за конечен влез во Ф1 купувајќи го тимот на Лотус, иако беше потпишано писмо на намери со базата во Енстоун. Двата тима на Ред Бул сеуште немаат обезбедено ПЕ за следната сезона, па иако имаат финансии се поверојатно е нивното заминување од шампионатот. Заубер и Форс Индија поднесоа жалби до Европската комисија, не поради нешто друго, туку поради очигледните финансиски проблеми во последно време.
"Некои тимови сакаат да имаат три болиди, а голем број на луѓе сакаат да видат трет болид на Ферари, одколку болид кој не е конкурентен. Следниот месец ќе видиме како ќе се одвиваат работите во таа насока. До тогаш ќе се знае состојбата со Ред Бул и Лотус. Тоа е комплексна состојба со многу конфликтни интереси."
ПОВТОРНО НА МАСА ПРЕДЛОГОТ ЗА ТРЕТ БОЛИД
10/05/2015 11:31:00 AM
0
Share to other apps

