Во Ферари ја разгледуваат можноста за воведување на надградба на моторот на трката за Големата Награда на САД, но малите, но сепак некакви шанси на Себастијан Ветел за Титулата ја прават оваа одлука не баш така лесна. Оваа сезона Италијанскиот тим имаше две поголеми надградби на својата погонска едница, но, на располагање има уште четири токени. Двајцата возачи веќе ги користат сите максимално дозволени 4 ПЕ за оваа сезона, што значи дека надградбата ќе резултира со казна од најмалку 10 стартни места поназад.
Маурицио Аривабене, тимскиот шеф на Ферари, вели дека позицијата на Ветел во генералниот пласман на возачи ја комплицира работата и ако се сака да се остане во теоретски рамки за освојување на титулата треба да се заврши трката во Остин во разлика од седум поени со возачот на Мерцедес АМГ. Казнените стартни позиции, најверојатно, ќе ја уништат неговата и онака мала шанса да го предизвика Луис Хамилтон, водечкиот во генералниот пласман на возачи.
"Ние размислуваме за надградбата и ние ќе ви кажеме во Остин што одлучивме да се направи. Се разбира, ситуацијата со Себ, второто место во шампионатот, малку ги смени работите, но ние треба внимателно да одвагаме, што губиме, а што добиваме пред да донесеме конечна одлука."
На последната трка во Русија, Ветел и Раиконен имаа блиска борба, а многумина дури и видоа допир помеѓу нивните болиди, но според Аривабене нити во еден момент не помислиле на тимски наредби, но тоа би можело да се смени на следните трки.
"Ние не сме размислувале за тимски наредби во досегашниот тек на сезоната, во Сочи се зависеше од нив самите. Се разбира, може да дојде време кога ќе се разгледаат и тие како опција."
ФЕРАРИ ВО ДИЛЕМА, БЕЗ ИЛИ СО НАДГРАДБИ, БЕЗ ИЛИ СО ТИМСКИ НАРЕДБИ!!!
10/14/2015 05:48:00 PM
0
Share to other apps

