Пласманот го доби по рестатот на трката, по завршувањето на периодот на безбедносно возило, по излетувањето на Себастијан Ветел. Финецот, користејќи го неискуството на Данил Квјат и подобрата и помека смеша на Пирели, лесно го помина младиот Русин, кој до тој момент беше безбеден на третото место. Сепак, Квјат, успеа да остане пред својот тимски колега, Даниел Рикиардо на 5-тото место. Следуваше Фелипе Маса, кој беше блиску да ги помине болидите на Ред Бул, но на крај мораше да се задоволи со 6-тот место, пред дуото на Форс Индија. За жал на домашната публика Нико Хулкенберг беше 7-ми пред миленикот на мексиканските фанови, Серџо Перез. Макс Ферстапен заврши на 9-тото место, пред Роман Грожан кој го освои последниот еден поен на оваа трка.
Драматична трка за Ферари. Двајцата нивни возачи, Себастијан Ветел и Кими Раиконен не успеаа да стигнат до финишот.Нив им се приклучи и Фернандо Алонсо, кој својата трка ја заврши по само три поминати свиоци поради проблеми со Хонда ПЕ. Следната трка е за две недели за големата Награда на Бразил.
Голема Награда на Мексико, Патека Браќа Родригез
71 круга, 304.356км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1ч42:35.038
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 1.954
3. Валтери Ботас Вилијамс + 14.592
4. Данил Квјат Ред Бул + 16.572
5. Даниел Рикиардо Ред Бул + 19.682
6. Фелипе Маса Вилијамс + 21.493
7. Нико Хулкенберг Форс Индија + 25.860
8. Серџо Перез Форс Индија + 34.343
9. Макс Ферстапен Торо Росо + 35.229
10. Роман Грожан Лотус + 37.934
11. Пастор Малдонадо Лотус + 38.538
12. Маркус Ериксон Заубер + 40.180
13. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо + 48.772
14. Џенсон Батон Мекларен + 49.214
15. Александар Роси Манор + 2 круга
16. Вил Стивенс Манор + 2 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Нико Розберг - 1:20.521
БЕЗ ПЛАСМАН:
Фелипе Наср Заубер 58
Себастијан Ветел Ферари 51
Кими Раиконен Ферари 22
Фернандо Алонсо Мекларен 1
Генерален пласман по 17 трки:
Возачи: Конструктори:
1. Луис Хамилтон 345 1. Мерцедес АМГ 617
2. Нико Розберг 272 2. Ферари 374
3. Себастијан Ветел 251 3. Вилијамс 243
4. Валтери Ботас 126 4. Ред Бул 172
5. Кими Раиконен 123 5. Форс Индија 112
6. Фелипе Маса 117 6. Лотус 71
7. Дањил Квјат 88 7. Торо Росо 65
8. Даниел Рикиардо 84 8. Заубер 36
9. Серџо Перез 68 9. Мекларен 27
10. Макс Ферстапен 47
11. Роман Грожан 45
12. Нико Хулкенберг 44
13. Фелипе Наср 27
14. Пастор Малдонадо 26
15. Карлос Саинц ЈР. 18
16. Џенсон Батон 16
17. Фернандо Алонсо 11
18. Маркус Ериксон 9

