Кими Раиконен: "Ова е многу посебен ден и тешко e да се спореди со претходните вакви манифестации на кои сум бил присутен. Можеби е тоа затоа што сме во Италија, татковината на Ферари. Денешниот ден ме потсетува на забавата во 2007 година, откако го ја освоив Шампионската Титула. Како и да е, секогаш е убаво да се направи нешто за навивачите. Навистина сум среќен. Сега, останува ние да се потрудиме уште повеќе во преостанатите две трки од овој шампионат."
Себастијан Ветел: "Би било убаво да се одржуваат што почесто вакви настани, како што ние сме во можност да се сретнеме со луѓе кои не поддржуваат. Згора на тоа, ова беше совршен ден на топло и сончево време и одлична патека! Последната трка беше една од најлошите во сезоната во однос на резултатите, но дури и така, во Мексико нашето тркачко темпо беше охрабрувачко. Да се потсетиме дека пред осум до девет месеци, бевме околу 1.3, 1.4 секунди зад водечките, а сега дојдовме до половина секунда или дури и помалку. Јас им ветувам на нашите навивачи дека во следните две трки ние ќе го дадеме нашиот максимум. Идеално би било кога би биле на врвот пред сите останати... "

































































































































