Штофел Фандорне, ГП2 Шампионот, официјално е потврден како тест и резервен возач за Мекларен-Хонда во 2016 година. Тој ќе го замени Кевин Магнусен на тоа место, чиј договор не беше обновен.
Белгиецот ќе ја надополнува стандардната возачка постава на тимот која ги вклучува Фернандо Алонсо и Џенсон Батон.
"Дефинитивно сакам да се тркам некаде следната година, но каде ќе биде тоа ќе се знае наскоро. Постојат неколку опции и се дискутираат. Како и да е, јас ќе бидам тест и резервен возач на Мекларен, кој е многу добра позиција. Јас сакам да се тркам следната година, за да останам во форма и фокусиран на натпреварувањето. Ако се остане во форма и си фокусиран, тогаш сте стопроцентно подготвени да влезете во Ф1, кога ќе ви се пружи вашата шанса."
ФАНДОРНЕ РЕЗЕРВЕН ВОЗАЧ НА МЕКЛАРЕН
11/10/2015 08:19:00 PM
0
Share to other apps

