Повеќето луѓе, аналитичари, возачи или фанови мислат дека Мекларен тешко ќе се подобри, но поранешниот нивни возач, Стефан Јохансон, изјави дека верува дека неговиот поранешен тим со Хонда ПЕ може да направи голем чекор во следнава 2016 сезона.
"Се уште верувам дека ќе постигнат голем напредок. Не мислам дека ќе победат на некоја трка, но кога толку многу заостанувате не е тешко да се направи голем чекор напред. Кога сте напред, тогаш тоа станува тешко. Ограничениот развој на ПЕ нема никаква смисла за мене. Тоа беше воведено за да се минимизираат трошоците за нивно производство, но тој концепт не е веќе во игра."
"Смешно е да имате мотоспорт во кој еден производител има успешен производ, а на останатите не им е дозволен развој за да станат поконкурентни. Јас сум сигурен дека Рено, Хонда и Ферари ќе беа многу подобри, ако тоа им беше дозволено. Можеби не толку добри како Мерцедес-Бенц, но, секако, многу поблиску."
Во контекст на слабата форма на Мекларен-Хонда се шпекулира за заминување на Фернандо Алонсо, кој и самиот призна дека загубил дел од мотивацијата во оваа екстремно лоша година за него.
Ерик Булие е категоричен дека тоа нема да се случи: "Што се однесува до Фернандо, мислам дека нема да го изгуби трпението. Тој е посветен возач со мулти-годишен договор, без опции и без ништо. Тоа е единствената вистина. Единствената опасност што ja гледам е дека тој сака конкурент болид и има потреба од возбудливост на трките. Возењето кругови во болид кој не може да стигне подалеку од 17-тото место, значи дека можете да ја загубите мотивацијата. Како цвет што почнал да венее, но ние и Хонда сме свесни за тоа и ние ќе го испорачаме тоа што го ветивме."
СЕ УШТЕ ИМА ЛУЃЕ КОИ ВЕРУВААТ ВО МЕКЛАРЕН-ХОНДА
11/10/2015 07:29:00 PM
0
Share to other apps

