Додека за време на тест сесијата во Барселона се одвиваше акција на асфалтот, на зелената маса во Женева се кроеше иднината на Формула 1 Шампионатот. Беа договорени три работи: Промена на форматот на квалификациите која можеби ќе биде со важност уште од оваа 2016 сезона, додека за 2017 се договорени насоки за заштита на главата на возачот и влегување на аеродинамиката на голема врата, со помош на која болидите би се направиле за 3 секунди побрзи од што се во овој момент.
Одлуката за тоа дали промената на квалификациите ќе важи од оваа сезона зависи од целосната анализа во текот на следната недела, а сите три одлуки ќе треба да поминат и на Светскиот Совет за Мотоспорт на ФИА, кој е закажан за 4 Март.
Идејата за промена на форматот на квалификациите не е нова и дојде по предлог од ФИА се со цел да да се зголеми непредвидливоста на истите. Се настојувало да биде едночасовна сесија каде на одредено време би испаѓале најбавните возачи, но за Телевизиите кои пренесуваат Ф1 тоа било неприфатливо, бидејќи ќе немале простор за реклами. Затоа повторно ќе имаме 3 пооделни сесии, Q1, Q2 и Q3 како и досега, но со променет формат на испаѓање.
Q1 ќе трае 16 минути
- Најбавниот возач ќе биде елиминиран по седум минути,
- После тоа испаѓа по еден возач на секои 90 секунди,
- Отпаѓаат вкупно 7 возачи.
Q2 ќе трае 15 минути
- Најбавниот возач ќе биде елиминиран по шест минути,
- После тоа испаѓа по еден возач на секои 90 секунди,
- Остануваат 8 возачи за пласман во Q3.
Q3 ќе трае 14 минути
- Најбавниот возач ќе биде елиминиран по пет минути,
- После тоа испаѓа по еден возач на секои 90 секунди, додека не останат двајца возачи
во финална борба за Пол позицијата.
Вреди да се напомене дека конечна елиминација во секоја од сесиите ќе се случува по поминување на целната линија, а не кога ќе истекуваат временските периоди.
ГЛАВА БОЛИ ОД ПРОМЕНИ НА ПРАВИЛАТА
2/26/2016 03:46:00 PM
0
Tags
Share to other apps