За одбележување на денот е што Кими Раиконен пред паузата за ручек успеа да комплетира само четири инсталациски круга, без поставено време зад неговото име. Причината беше што инженерите на Ферари имаа голем број на проверки на системот за гориво. Финецот имаше повеќе среќа во попладневните часови, кога што комплетираше 73 круга, со најбрзо време поставено на медиум гумите на Пирели, доволно за третото место на табелата.
Втората позиција му ја одзеде Роман Грожан кога со болидот на Хас и меките гуми на Пирели забележа една десетинка побрзо време при крајот на денешниот ден. Рено ПЕ конечно проработе на болидот RS16 и Кевин Магнусен ја надмина бариерата од 100 кругови, забележувајќи го четвртото најбрзо време на неговото враќање во Ф1. Да не биде се така перфектно за Рено, Данецот запре на патеката поради неодреден проблем на еден час до крајот на сесијата. Инженерите на Рено се обидоа да го вратат на патеката при останати 15 минути, но не успеа да излезе надвор од боксевите.
Дебитантот во Формула 1 Рио Харјанто со болидот на Манор го имаше првото излетување надвор од патеката и го предизвика првото црвено знаме на денот, за потоа да ледуваат уште две и тоа кога Карлос Саинц ЈР беше беше пуштен на патеката со недоволно затегнато задно десно тркало и третото кога Магнусен кога застана при излезот од боксевите. Џенсон Батон успеа да комплетира само 51 круга со Мекларен МП4-31. Причината беше помал пожар предизвикан од истекување на глицеринот врз дел од болидот кој бил многу загреан.
Мерцедес АМГ поради големиот број на комплетирани кругови во првите два дена реши да ја промени тест програмата и последните два тест дена да им даде по половина ден на двата возачи. Со тоа пропаднаа очекувањата за поставување на брз круг на Мерцедес АМГ, нешто што сега го очекуваме во текот на утрешниот последен ден од тестирањето. Мерцедес АМГ повторно над 150 комплетирани круга и сеуште се користат само медиум гумите.
РЕЗУЛТАТИ ОД ТРЕТИОТ ТЕСТ ДЕН
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:23.110 | / (99) СМ |
2 | Роман Грожан | Хас | 1:25.874 | + 2.764 (82) М |
3 | Кими Раиконен | Ферари | 1:25.977 | + 2.867 (78)Ме |
4 | Кевин Магнусен | Рено | 1:26.014 | + 2.904 (111) М |
5 | Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:26.084 | + 2.974 (74) Ме |
6 | Карлос Саинц ЈР. | Торо Росо | 1:26.239 | + 3.129 161) Ме |
7 | Фелипе Наср | Заубер | 1:26.392 | + 3.282 (115) М |
8 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:26.421 | + 3.311 (88) Ме |
9 | Данил Квјат | Ред Бул | 1:26.497 | + 3.387 (74) Ме |
10 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:26.712 | + 3.602 (109) Ме |
11 | Џенсон Батон | Мекларен | 1:26.919 | + 3.809 (51) Ме |
11 | Рио Харјанто | Манор | 1:28.249 | + 5.139 (78) Ме |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум