Актуелниот шампион Мерцедес АМГ повторно испрати многу силна слика за своите можности. 2016 болидот, W07, немаше ниту еден проблем во текот на четирите тест дена, поминувајќи неверојатни 675 круга, што е еквивалентно на 11 Гран При трки во Барселона.
Од Пирели побарале само медиум гуми, што значи дека не барале брзи кругови, туку имале задача да ја проверат издржливоста на болидот. Тоа им успеа да го направат во само два дена, па останатиот дел од тест сесијата го употребија за испробување на повеќе нови аеродинамички решенија на шасијата од болидот.
Нико Розберг и Луис Хамилтон задоволно се смешкаа во гаражата на Мерцедес АМГ, задоволни од однесувањето на својот миленик. Според поставените времиња се чини дека тоа е болидот кој повторно ќе биде на врвот и дека ќе треба нешто посебно да биде симнат од облаци.
Сите очекуваат тоа посебно нешто да е 2016 болидот на Ферари, кој го имаше најбрзото време во три од четирите тест дена. Себастијан Ветел го постави најдоброто време на целиот тест, три десетинки побрзо од било кој друг. Тоа беше забележано на најбрзата досега гума на Пирели, ултрамеката, која ќе биде достапна за тимовите од оваа сезона.
Со сигурност можеме да бидеме сигурни дека Ферари има направено подобрување со SF16-H, но само чекор напред нема да е доволно да се победат Сребрените Стрели, туку нешто поголемо.
Негативната страна, е што болидот Ферари, барем на оваа прва тест сесија, не се покажа како издржлив, бидејќи од планираната тест програмата, во пракса била спороведен само половина. Кога бркате некого, тоа повторно значи голема предност за водечкиот тим, кој помина без никакви проблеми. Бидејќи не гледаме друг тим кој може да конкурира на Мерцедес АМГ, сите недежи за добра борба остануваат на Италијанците.
Новиот тим во Ф1 Шампионатот, за разлика од последните четири што се пријавија во Формула 1, имаше добар почеток на својата деби сезона. Тоа можеби и не е некое изненадување, бидејќи Американците ги направија подготовките на добитен начин, т.е. си обезбедија подршка од Ферари. Роман Грожан и Естебан Гутиерез велат дека болидот се однесува добро на асфалтот и дека е способен за освојување на поени во првата своја сезона.
Тимовите со Рено ПЕ, Ред Бул и Рено, имаат уште многу работа да бидат конкуренти за највисок пласман, додека тимовите со Мерцедес ПЕ, Форс Индија, Вилијамс повторно ќе имаат шанса за пласман на победничкиот подиум.
Хонда направи големи напори за подобрување на својата ПЕ од минатата сезона, но иако во Мекларен се задоволни со постигнатиот напредок, се уште постои фрустрација дека целиот пакет не е она вистинското што треба да биде. Во почетните денови издржливоста изгледаше многу подобрена, се додека не не демантираа.
Фернандо Алонсо во средата имаше проблеми со истекување на хидрауликата, додека последниот ден го помина чекајќи во гаражата поради истекување на течноста за ладење на ПЕ. Добрата вест е дека Мекларен би требало да ја поседува една од најдобрите шасии во шампионатот, која чека да ја покаже својата големина кога ќе бидат решени проблемите со Хонда ПЕ.
Торо Росо во последен момент ја доби 2015 спецификацијата на Ферари ПЕ. Имаа рекорно мал период од само 2.5 месеци да ја вкомпонираат во својата каросерија изградена за Рено ПЕ. Повеќето аналитичари мислеа дека нема да успеат да стигнат на оваа прва тест сесија, но со дено-ноќна напорна работа вработените во овој тим ги демантираа тие гласини, дури и отидоа чекор напред.
Кога се појави на патеката, иако не успеале да го обојат, болидот беше еден од поиздржливите, а само Мерцедес АМГ успеа да комплетира повеќе круга. Тоа е импресивен успех, со оглед на проблемите што минатата година Торо Росо ги имаше во таа област.
Врз основа на овој тест, и повратните информации од возачите, според аналитичарите, Торо Росо може да предизвика некои шокантни резултати на почетокот. Но, во текот на сезоната, додека другите 10 болиди ќе ги подобруваат своите 2016 ПЕ, неизбежно е тимот на Торо Росо да се лизга кон дното на табелите.
Новите правила околу издувниот систем требаше да донесе поголема бука на Ф1 патеките. Според Мерцедес АМГ зголемувањето е +4dB, што е само -1.5dB од старите болиди со V8 мотори. Но, субјективниот начинот на кој луѓето го перцепираат звукот, допринесе некои од фановите да одговорат ДА, а некои НЕ се толку сигурни дека 2016 болидите се погласни.
На ред е втората пред сезонска тест сесија од 1-4 Март, каде се надеваме дека Мерцедес АМГ ќе побара и од ултрамеките гуми на Пирели, или пак ќе ја крие својата брзина до почетокот на сезоната на 20 Март во Австралија!!!
РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТВРТИОТ ТЕСТ ДЕН
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Кими Раиконен | Ферари | 1:23.447 | / (80) УМ |
2 | Данил Квјат | Ред Бул | 1:24.293 | + 0.816 (96) УМ |
3 | Алфонсо Селис | Форс Индија | 1:24.840 | + 1.363 (75)СМ |
4 | Кевин Магнусен | Рено | 1:25.263 | + 1.786 (153) М |
5 | Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:25.393 | + 1.916 (110) Ме |
6 | Фелипе Наср | Заубер | 1:26.053 | + 2.576 (121) М |
7 | Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:26.187 | + 2.710 (86) Ме |
8 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:26.295 | + 2.818 (99) Ме |
9 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:26.483 | + 3.006 (54) М |
10 | Естебан Гутиерез | Хас | 1:26.802 | + 4.325 (89) Ме |
11 | Рио Харјанто | Манор | 1:27.266 | + 4,789 (51) М |
12 | Фернандо Алонсо | Мекларен | / | / (3) |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум
ВКУПНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ЧЕТИРИТЕ ТЕСТ ДЕНА
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1 | Себастијан Ветел | Ферари | 1:22.810 | / (195) УМ |
2 | Нико Хулкенберг | Форс Индија | 1:23.110 | + 0.300 (99) СМ |
3 | Кими Раиконен | Ферари | 1:23.447 | + 0.667 (158) УМ |
4 | Даниел Рикиардо | Ред Бул | 1:23.525 | + 0.715 (199) УМ |
5 | Серџо Перез | Форс Индија | 1:23.650 | + 0.840 (101) СМ |
6 | Данил Квјат | Ред Бул | 1:24.293 | + 1.483 (170) УМ |
7 | Алфонсо Селис | Форс Индија | 1:24.840 | + 2.030 (133) СМ |
8 | Нико Розберг | Мерцедес АМГ | 1:24.867 | + 2.057 (332) Ме |
9 | Маркус Ериксон | Заубер | 1:25.237 | + 2.427 (196) М |
10 | Кевин Магнусен | Рено | 1:25.263 | + 2.453 (264) М |
11 | Макс Ферстапен | Торо Росо | 1:25.393 | + 2.583 (231) Ме |
12 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:25.409 | + 2.599 (343) Ме |
13 | Естебан Гутиерез | Хас | 1:25.524 | + 2.714 (168) М |
14 | Валтери Ботас | Вилијамс | 1:25.648 | + 2.838 (214) М |
15 | Роман Грожан | Хас | 1:25.874 | + 3.064 (113) М |
16 | Паскал Верлајн | Манор | 1:25.925 | + 3.115 (125) М |
17 | Фелипе Наср | Заубер | 1:26.053 | + 3.243 (236) М |
18 | Фернандо Алонсо | Мекларен | 1:26.082 | + 3.272 (122) М |
19 | Џолион Палмер | Рено | 1:26.189 | + 3.379 (79) М |
20 | Карлос Саинц ЈР | Торо Росо | 1:26.239 | + 3.429 (216) Ме |
21 | Фелипе Маса | Вилијамс | 1:26.483 | + 3.673 (163) М |
22 | Џенсон Батон | Мекларен | 1:26.735 | + 3.925 (135) М |
23 | Рио Харјанто | Манор | 1:28.249 | + 5.439 (129) М |
УМ - Ултрамеки
СМ - Супермеки
М - Меки
Ме - Медиум