VJM09 го задржува карактеристичните бои, црна и сребрена, од минатата година. Тие според Виџај Малја, ги рефлектираат нивните партнери и историја: "Иако јас сум пристрасен, мислам дека нашиот болид ќе биде еден од најубавите на патеката и затоа сакав тоа да се пренесе и во 2016 година Како што вели, ако нешто не е скршено, не го поправај."
Стабилноста во техничките прописи овозможи VJM09 да биде повеќе еволуција, отколку револуција. Новиот болид претставува усовршување на добрите страни на Б-спецификацијата на шасијата од 2015 година, која помогна тимот да го обезбеди петтото место во шампионатот од минатата година. Очекувањата за VJM09 се високи, бидејќи ја имааат најдобрата ПЕ на Мерцедес-Бенц и добрите перформанси од минатата година. Сите во овој тим веруваат дека може да се остане во предниот дел од средината на поредокот.






















