Макс Ферстапен вели дека не му е гајле за тимските наредби на својот тим, Торо Росо, поради тоа што во нормални околности ќе биде "далеку напред" пред својот тимски колега на трките. Холанѓанецот се најде погоден, бидејќи од Торо Росо не реагирале за време на Австралиското ГП, т.е. не му наредиле на Саинц ЈР. да му дозволи да го помине при двојната борба со Џолион Палмер од Рено.
"Да бидам искрен, не знам дали имаше тимски наредби и не ми е грижа. Во нормални околности јас ќе бидам со милји понапред. Се ќе биде во ред. Чувствувам дека имам сè под контрола. Јас не се чувствувам под притисок од него. Јас сум фокусиран кон напред, тоа е мојата конкуренција. Да се заврши на десетто место е, се разбира, навистина разочарувачки. "
Инцидентот има сличности со трката во Сингапур од минатата сезона, кога Верстапен одби да му даде предност на Саинц ЈР. кога тимските колеги имаа борба со Серџо Перез од Форс Индија. Тогаш за него беше во ред да непочитува тимски наредби, а сега требало да има? Младиот Холанѓанец во овој случај се однесуваше како еден разгален тинејџер, звезда на тимот и дека се треба да биде по негово. Секоја чест на неговиот возачки стил и прикажаната храброст, но со вакво однесување не се станува шампион, кој ќе биде почитуван од сите. Времето работи за него и веруваме дека некој ќе го насочи да се однесува во вистински правец и надвор од патеката. Да не биде на крај, кој високо лета, ниско паѓа.
МАКС ФЕРСТАПЕН Е БРЗ, НО РАНО ЛЕТНА ВО ОБЛАЦИ
3/21/2016 02:26:00 PM
0
Share to other apps

